ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Улица врвулица
ДАТА: 21.05.2020
РЕАЛИЗАТОР: Ана Дејановска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазик, описменување и комуникација.
СТАНДАРД: Детето може да зборува и комуницира.
НАСЛОВ НА ТЕМА: Семафор
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ разговор
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература
Семафорот е светлосен сообраќаен знак.
Постојат два вида на семафори :
- семафор за пешаци
- семафор за автомобили
Семафорот е составен од три светла :
- Црвено: се наоѓа најгоре на секој семафор .Тоа значи запирање на автомобилите и чекање додека не дојде другото светло на ред.
- Жолто: се наоѓа помеѓу црвеното и зеленото светло. Тоа означува припрема.
- Зелено: се наоѓа најдолу на семафорот и значи поаѓање.
Првиот семафор во светот се наоѓа во Лондон и наполни 150 години
Во Виена–Австрија во 2019 година е пуштен првиот паметен семафор, кога ќе се појави пешак во близина и сака да ја помине улицата, автоматски се префрла на зелено светло.
Што е семафор ?
https://www.youtube.com/watch?v=OB6cZh5uub8
Волшебниот семафор - енциклопедија
2. Практична креативна активност:
* Потребни материјали:
- колаж (црвена,жолта,зелена)
- ножички
- лист од блок
Мозаик- се сечат мали квадратчиња и се лепат
3. Обработка на стихотворба
Семафор – стихотворба
https://www.youtube.com/watch?v=FVYoNdbsmQc
ЦЕЛИ:
- Да се развива способноста за користење на книга или сликовница.
- Да се поттикне иницијативност, креативност, трпеливост при реализација на активностите.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето раскажува сопствено искуство или доживување.
- Детето успешно работи со ножици и ги користи палецот и показалецот при работа со материјали од хартија.