Тема на неделата: Домашни миленици
Дата: 08.04.2020
Реализатор:Дејановска Ана
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење.
СТАНДАРД: Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства.
НАСЛОВ НА ТЕМА: Риба во аквариум
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/разговор
* Потребни материјали:
- слики,
- илустрации и
- енциклопедии.
🙂 Животни во река,езеро,море.
Во длабочините на сините води живеат најразновидни животни од кои најбројни се рибите.
🙂 Рибите се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат 20000 видови риби. Најмалата риба е долга 7.9 мм , а најголемата е долга до 14 м. Повеќето риби имаат светла боја и се приспособени се за камуфлажа. Рибите може да се месојади, тревојади или сештојади. Во нашата држава најзастапени риби се пастрмка,крап и клен. Рибите се главен извор за човечката храна како и рибиното масло кое е многу корисно за нашето здравје. Освен рибите има и други жители во слатките и солените води.
🙂 Делфинот и китот се морски цицачи кои дишат со бели дробови , а делфинот е најинтелигентно животно.
🙂 Октоподот додека спие ја менува бојата на телото.
🙂 Ајкулата живее на длабочина од 1800м. 20 до 30 години.
🙂 Најголема риба на светот е китот ајкула широка е 1.5 м.
🙂 Најбрза риба на светот е црн марлин 130 км / ч.
🙂 Сипа – морски камелеон ја менува бојата на телото кога комуницира со други сипи или кога сакаат да се скријат.
2. Практична креативна активност:
🙂 Аквариум со риби
* Потребни материјали:
- Картон
- Листови во боја
- Ножици
- Лепило
- Камчиња
- Глинамол
- Школки
3. Музичка игра:
🙂 Рибарчето Јане
https://www.youtube.com/watch?v=7AP6X0Mzl2Q
ЦЕЛИ:
- Да се охрабрува детето да поставува прашања и да се негува упорноста и истрајноста во добивањето одговор.
- Да се развива способноста за користење на книга или сликовница.
- Да се поттикнува во јакнење на самодовербата и самопочитувањето.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето покажува интерес и сака да знае повеќе за настаните и приказните што се однесуваат на непознати нешта.
- Детето учествува во говорни игри.