ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА
ДАТА: 26.05.2020
РЕАЛИЗАТОР: ДАНЧЕ ТРПЕСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој
СТАНДАРД: Детето може да развива социјални вештини во интеракција со возрасни.
НАСЛОВ НА ТЕМА: ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ разговор
* Потребни материјали:
- слики
- сликовница ,,Пожарникарот Петре"
- апликации со противпожарни возила
ШТО СЕ ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА?
- Противпожарното возило спаѓа во редот на специјални возила коишто спаѓаат во копнениот сообраќај. Тоа е со црвена боја и е специјално наменето за гаснење пожари. Возилото е сместено во гаражата на пожарната станица каде што работат луѓето што го управуваат, а тоа се – ПОЖАРНИКАРИ. Тие се облечени во специјална униформа, носат шлем и чизми и така можат без страв да се справуваат во секакви ситуации со пламените јазици
- Противпожарното возило содржи пумпа за вода со долго црево за гаснење на пожарот, потоа долги скали кој им помагаат на пожарникарите на високите места. На кровот се наоѓа сирена којашто со својот звук алармира дека некој е во опасност и сите друг учесници во сообраќајот треба да и отстапат место да се движи побрзо и да стигне на местото да го изгасни пожарот.
2. Практична креативна активност
Конструктивна игра
* Потребни материјали
- лего коцки
3. Ликовна игра
* Потребни материјали:
- боички
- боенка
4. Цртан филм:
- Пожарникарот Сем
https://www.youtube.com/watch?v=Zxfv6epYrbg
ЦЕЛИ:
- Да се подржува кон збогатување на сопственото социјално искуство.
- Запознавање со противпожарното возило и неговата намена
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето го опишува противпожарното возило и ги набројува неговите делови.
- Детето игра заедничка игра со возрасните.