Во нашата градинка „Весели Цветови", во објектот „Синоличка", во текот на учебната 2025/2026 година, дечињата од групата на возраст од 4 до 5 години, заедно со учителките Александра Ѓорѓиевска и Олгица Филиповска, под менторство на воспитувачот Елена Гоговска, успешно учествуваа и го завршија меѓународниот проект „Say Hello to the World", за кој се стекнаа со заслужени признанија.
Наши партнери во овој прекрасен проект беа дечињата и учителките од приватна градинка од Турција
Преку заедничките активности, насмевките и дружењето, создадовме мост на пријателство што ги надмина границите и ни покажа дека детската љубов, искреност и љубопитност се универзален јазик.
Целта на проектот беше децата да ги запознаат, разберат и почитуваат различностите, да учат едни од други, да се дружат и креативно да се изразуваат преку пет тематски целини:
1. Ова сум јас.
2. Јас и моето семејство.
3. Јас и мојата градинка.
4. Јас и мојот град.
5. Јас и мојата држава.
Во текот на целата година децата со голема радост, љубопитност и ентузијазам учеа, истражуваа, создаваа и споделуваа. Секое ново искуство беше можност за ново пријателство, а секое споделено знаење добиваше уште поголема вредност. Зашто знаењето и искуството што се споделуваат, оставаат трајна трага, ги зближуваат луѓето и го прават светот подобро место за сите.
Браво за нашите умни, љубопитни и насмеани дечиња! Вие сте нашата најголема гордост и инспирација.
Огромна благодарност до родителите за довербата, поддршката и одличната соработка во текот на целата година.
Искрена благодарност и до учителките за нивната посветеност, љубов, трпение и вложен труд.
Благодарение на заедничката работа, уште една прекрасна приказна во градинката Весели Цветови, доби среќен крај, а во детските срца останаа спомени што ќе се паметат долго.

