Проектот „НАШИТЕ СЕМЕЈСТВА“ во ЈДГ „Весели Цветови“ – на општина Кисела Вода во Град Скопје започна на 01.11.2023 година. Истиот се реализира во соработка со Здружението за заштита на правата на децата, а е поддржан од Град Скопје.
На 01.11.2023 година во просториите на објект Сончоглед беше презентиран проектот од страна на Маја Георгива Павловски која е координатор од Здружението за заштита на правата на децата. На презентацијата учествуваа сите воспитувачи од ЈДГ „Весели Цветови“ – на општина Кисела Вода во Град Скопје, како и стручните работници: социјален работник, педагог и логопед.
Од нашата јавна детска градинка координатор е м-р Габриела Стојановска – воспитувач, а евалуатор на проектните активности е Весна Блажевска – стручен работник, социјален работник. Досега проектните активности се реализирани во три објекти, и тоа: Сончоглед со воспитните групи 3-4, 4-5 и 5-6 години, Мимоза со воспитните групи 4-5 и 5-6 години, како и во објект Перуника со воспитната хетерогена група 4-6 години. Децата преку цртежи го прикажуваа своето семејство, бидејќи крајната цел на проектот е стручни лица да добијат резултати во однос на тоа колку од семејствата се функционални, односно дисфункционални и да се согледа колку и на каков начин разводот помеѓу брачните партнери влијае врз правилниот раст и развој на децата од предучилишна возраст.
Во следниот период истите проектни активности ќе се реализираат во уште четири објекти во рамките на ЈДГ „Весели Цветови“ – на општина Кисела Вода во Град Скопје.