Галерија

Продолжување на Еразмус+ активностите: промоција на македонската култура и еко-образование

На ден 28.10.2025 година прдолживме со воспитно - образовните активности во објект Сончоглед, со цел уште повеќе да ги збогатиме содржините и на партнерите од Словенија уште повеќе им ја прикажеме и доближиме нашата култура и традиција, но во исто време им покажеме на кој начин, заедно со децата реализираме воспитно - образовни активности за подигнување на свеста од најрана возраст за заштита и чување на здрава животна средина. Најпрво, им го покажавме нашето ЕКО - КАТЧЕ, кое благодарение на воспитувач Елена Гоговска е опремено во соработка со Здружението на граѓани ЕКО - ЛОГИК. Истовремено, социјалниот работник Весна Блажевска им објасни на партнерите кои други Програми ги реализираме заедно со родителите и децата, како и каков вид на советувалишна помош и поддршка можат да добијат родителите и децата. Се разговараше за Програмата Вешто Родителство, за проектот Место за растење - општини посветени на децата, за поттикнување на инклузивна клима, за примената на асистивна и аугментативна технологија, но и за примена на НТЦ техники при индивидуална и групна работа со децата. 
После посетата на ЕКО-КАТЧЕТО, во салата во објект Сончоглед, заедно со децата воспитувач Елена Гоговска и социјален работник Весна Блажевска изведоа експеримент: ШТО И СЕ СЛУЧУВА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ДОКОЛКУ ЈА ЗАГАДУВАМЕ!?
Радоста на децата беше неизмерна, но и воодушевувањето на гостите, кои од децата беа прифатени на најдобар можен начин - онака како што децата тоа го знаат: ИСКРЕНО, ЧИСТО И ОТВОРЕНО!
 
Во вечерните часови, организравме заедничка прошетка во Старата Скопска Чаршија, каде имавме заедничка дружба во традиционален македонски ресторан со традиционална македонска музика, храна и амбиент. Оваа заедничка неформална дружба со своето присуство ја оплеменија и претставнички од општина Кисела Вода: советник во Секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура - Валентина Цветковска и Советник во Одделението за предучилишно воспитување - Охрида Арсовска при Општина Кисела Вода.
 

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес230
Вчера455
Оваа недела3341
Овој месец7944

Моментално посетители

1
Онлајн

2025-11-16

Политика за колачиња