Активност „Приказна за буквите учиме-видете како звучиме„ релизирана во објект Перуника со воспитна група 4-6 години.
Реализатори социјален работни, логопед и дефектолог на установата.
„ПРИКАЗНИ ЗА БУКВИТЕ УЧИМЕ – ВИДЕТЕ КАКО ЗВУЧИМЕ“
Почитувани,
Стручните работници од ЈДГ „Весели Цветови“ – на општина Кисела Вода во Град Скопје, во рамките на своите работни задачи, насочени во унапредување на воспитната дејност и помош и поддршка на воспитно – негувателските тимови во сите објекти, особено оние кои работат со деца на возраст од 4 до 5 години и 5 до 6 години, реазлизираат интерактивни работилници со деца согласно својата професија и работна позиција. Во прилог ви го објаснуваме текот на една интерактивна работилница која ги опфаќа сите аспекти од развојот на детето, согласно Националната програмата за рано учење и развој, а истовремено за децата е несекојдневно и интересно доживување.
Како настанала буквата А? – Интерактивно раскажување на приказна
Социјален работник: Многу одамна, си биле едни дечиња кои живееле во земјата чие име започнува на буквата А. Тие биле многу љубопитни и сакале да дознаат како настанало името на таа земја, па почнале да истражуваат.
Логопед: Ајде кажете ми кое дете од вас дечиња, неговото име започнува на буквата А?! (Сите деца кажуваат)
Дефектолог: Ајде да ги истегнеме рацете и нозете и се обидеме со нашето тело ја направиме буквата А!(По насока на дефектологот, децата со своето тело прават фигура во форма на буквата А)
Социјален работник: Ајде да видиме што направиле децата во земјата чие име започнува на буквата А. Еден ден тие ги замолиле своите родители да ги однесат на прошетка кај нивниот другар Моцарт кој знаел многу убаво да шие облека. А дали вие дечиња знаете на што се шие облека? (Откако децата го даваат точниот одговор), Точно, облека се шие на машина за шиење и оваа машина ја измислиле луѓето кои живеат во земјата која започнува на буквата А. Во оваа земја се случувале и многу други интересни работи, но дечињата сакале да научат како настанала буквата А, па го замолиле нивниот другар Моцарт да им помогне. И како секој вистински другар, тој се согласил да им помогне.
Логопед: Ајде дечиња прво ние да пронајдеме зборови кои започнуваат на буквата А. (Децата набројуваат зборови, а ние доколку не кажале некој збор со помош на асоцијации им помагаме да се присетат).
Дефектолог: Ајде сега сите да земеме по една боичка и лист хартија и да се обидеме, според она што Моцарт го кажувал, да ја напишеме буквата А. Па пишуваме една коса линија, уште една коса линија, па една права линија... (Откако секое дете ќе ја напише буквата А), ајде сега секој со својот прст показалец во воздух да се обиде да ја напише буквата А.
Социјален работник: И значи дечиња, па сите научивме да ја напишеме, нацртаме и направиме фигура за буквата А. Е сега ќе ви кажам, каде живеел Моцарт и неговите другарчиња. Тие живееле во државата Австрија каде е измислена машината за шиење облека. Ајде сега да ми одговорите на едно малку тешко прашање, ама знам дека вие ќе го знаете. Што ги поврзува Моцарт и машината за шиење облека? (Тука се даваат одговорот од страна на децата и со ова завршува воспитната активност)!
Главна цел на овој вид воспитна активност: Препознавање на буква од азбуката, збогатување на вокабуларот кај децата, моторички движења (груба моторика со правење форма на буквата А со тело и фина моторика со цртање на буквата А), просторна ориентација, доаѓање до нови информации за држава од Европа, насочување на децата асоцијативно да поврзуваат и функционално размислуваат. НАЈВАЖНО: Сите деца се вклучени и учествуваат во интерактивната работилница.
Оваа интерактивна работилница продолжува, каде децата ќе се запознаат дека во името на државата Австрија е содржана и една бројка, но текот на таа работилница ќе ви го раскажеме следната седмица.