Прекрасното дружење, создавање на пријателски врски, продлабочување на партнерството, збогатување на знаењата и размената на искуства со цел да бидеме подобри за доброто на ДЕЦАТА со кои работиме, беа дел последниот ден од посетата на петте наши ДРАГИ колеги од Словенија. Денот 31.10.2025 година го посветивме и на размена на подароци: НИЕ НАШИ - ТИЕ НИВНИ. Верувајте, кога искрено и отворено ќе пристапите, а уште повеќе, кога таков пристап и ќе добиете, ЕМОЦИИТЕ И ЕНЕРГИЈАТА го достигнуваат максимумот. Иако падна некоја солза при разделбата, сепак насмевките не исчезнаа со давање ветување дека: ОВА БЕШЕ САМО ПОЧЕТОК НА ЕДНА ДОЛГОРОЧНА ЗАЕДНИЧКА МИСИЈА, а тоа е: ЗАЕДНО ДА ГО НАПРАВИМЕ СВЕТОТ НА ДЕЦАТА ДА БИДЕ ИСПОЛНЕТ СО ЗАБАВА, ИГРА, СМЕА, ПО НЕКОЈА АНЕГДОТА КОЈА ЌЕ НЕ ИЗНЕНАДУВА ШТО СЕ МОЖЕ ДА ПРОИЗЛЕЗЕ ОД МАГИЧНИОТ ДЕТСКИ УМ! Си ветивме дека како визионери кои го ставаат цврстиот темел на УЧЕЊЕТО ЗДРАВИ ЖИВОТНИ НАВИКИ И ВЕШТИНИ за децата, НЕМА НИКОГАШ ДА ГО НАПУШТИМЕ!
ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје нема никогаш да престане да ја збогатува воспитно - образовната дејност со вакви и слични искуства кои докажаа дека се САМО И САМО за добросостојбата на децата и се СЕКОГАШ во насока на почитување и унапредување на детските права!

