Галерија

Посета на објект Мимоза – ден исполнет со игра, песна и размена на искуства

Размената на искуства, знаења и насмевки предизвикани од децата продолжија во ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје и на 29.10.2025 година. На овој дена партнерите од градинката од Брежница, Р.Словенија ги однесовме во посета на објект Мимоза. Колешките од овој објект несебично, речиси до совршенство го подготвија пречекот на нашите партнери и идни пријатели и соработници: Рената Фурлан, Весна Молан, Ирена Пинтарич, Петра Чанчер и Шпела Крижанич.
Гостите имаа можност, заедно со децата, најпрво да присуствуваат на подготвена драматизација од вработените на тема поврзана со здрава храна која придонесува за водење на квалитетен живот, а потоа забавата продолжи со игра и македонска песна. 
Мора да истакнеме дека во неформалните разговори, партнерите овој настан и дел од воспитно - образовните активности го истакнаа како мошне интересен и нешто што ќе го понесат со себе како длабоко сеќавање.
 

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес229
Вчера455
Оваа недела3340
Овој месец7943

Моментално посетители

1
Онлајн

2025-11-16

Политика за колачиња