Галерија

Поминуваме улица

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА:  СООБРАЌАЈНИ ПРАВИЛА

ДАТА: 01.06.2020

РЕАЛИЗАТОР: Жаклина Јорданова


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ:   Физичко здравје и моторен развој


СТАНДАРД: Детето може да препознае штетни и опасни ситуации


НАСЛОВ НА ТЕМА: ПОМИНУВАМЕ УЛИЦА


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

01

Низ градот улица до улица, низ секоја улица врвулица. Луѓе и млади и стари врват по тротоари. И чудно е, чудно е, нели, низ овој метеж и трка да нема буткање, збрка. За тоа е заслужен семафорот кои трепка, светка, будно следи сите возила ги реди. Со три очи во три бои на улица будно стои. Со зелено штом мигнува секој треба да минува. Црвено штом пламнува, се што врви застанува.

Научи го овој збор:

СЕМАФОР!!!

СЕМАФОР!!!

Што е улица?

  • Улица е место каде што се движат возилата и луѓето однсно пешаците.
  • Возилата се движат по коловозот,а пешаците одат по тротоар.
03
04

Ако секој оди каде сака и како сака би имало многу, многу несреќи, затоа возилата и пешаците се движат по СООБРАЌАЈНИ ПРАВИЛА

Како да ја поминеме улицата?

За безбедноста во сообраќајот постојат  сообраќајни знаци ,семафори, пешачки премин со кои се одредуваат правилата на однесување на сите учесници во сообраќајот.

05

По улица во сообраќај кога се движиш по тротоар треба да одиш и за себе да се грижиш, ако сакаш улица да поминеш пред пешачки премин застануваш.

Гледаш прво лево дали некој доаѓа, па потоа десно и улицата ја поминуваш безбедно и лесно.


06

Ако на улицата имаш семафор на црвено светло стоиш без збор. Зеленото светло трпеливо го чекаш и штом ќе се запали на пешачки премин улицата ја поминуваш.


07

На улицата каде што нема семафор или не работи, сообраќајниот полицаец застанува и го насочува движењето на возилата и пешаците.

Сообраќајниот полицаец за сообраќајот се грижи, со раце дава знаци кој каде да се движи.


2.  Практична креативна активност:

Изработка на макета на улица со сообраќајни средства - возила, семафор, сообраќаен милиционер.

Или нацртајте улица на лист од блок и злаепете сликички од пешачки премин, семафор, возила и сообраќаен милиционер.

*Потребни материјали

  • бел лист од блок
  • темна хартија-црна
  • лепак
  • ножички

Започнете разговор со своите дечиња

  • На што ви личи макаетата или цртежот што го нацртавме? (на улица)
  • Каде се движат возилата? (По коловозот)
  • По тротоарите кои се движи? (пешаците)
  • За што служи пешачкиот премин? (за да се помине улица)
  • Кој го регулира сообраќајот за премин на пешаците и возилата? (семафорот)
  • Што покажува семафорот кога свети црвено светло? (стоп да застанеме)
  • Што покажува семафорот кога  свети зелено светло? (да се помине улица)
  • Ако во случај на крстосница нема семафор, кој го регулира сообраќајот? (сообраќаен милиционер кои им дава правец на возилата и пешаците, за да не настане некоја несреќа )
  • сликички (семафор, пешачки премин, возила, сообраќаен милиционер)

08


3. Музичка активност

Пешачки премин

https://www.youtube.com/watch?v=Y9aDRuVYrW8&feature=youtu.be&fbclid=IwAR1iVjzTzFA44aZcUttih65WnDmgNt0bvrECV1e-eNitlHowonB1Tn-uCcE


ЦЕЛИ:

  • Детето да се оспособи внимателно да ја поминува улицата во придружба на возрасно лице.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето ги препознава правилата за безбедно поминување на улица.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес333
Вчера382
Оваа недела2435
Овој месец7412

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња