Галерија

Подготовка на зимница со словенечките партнери

На 30.10.2025 година воспитно - образовните активности како дел од целта на Job Shadow ги продолживме во објкет Кокиче. И тука, согласно македонската традиција и препознатливата гостопримливост, вработените во ЈДГ „весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје од овој објект организраа и реализраа заедно со децата нешто што гостите и партнерите од Словенија посебно ги изненади. Имено, станува збор за воспитно - образовна активност која во нашата предучилишна установа се реализира секоја есен, а тоа е заедничка подготовка на зимница со цел подготвени да ја дочекаме БАБА ЗИМА.
Одговорниот воспитувач на објект Кокиче, Јулијана Илиева, заедно со воспитувач Фросина Канзурова и децата од воспитната група 5 до 6 години, на еден спонтан начин, не само што ја подготвија ТУРШИЈАТА, туку и гостите од Словенија ги вклучија во активноста и тие помогнаа ЗЕЛЕНЧУЦИТЕ ставени во тегла да добијат посебен вкус исполнет со спомени.
 

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес230
Вчера455
Оваа недела3341
Овој месец7944

Моментално посетители

1
Онлајн

2025-11-16

Политика за колачиња