ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК, ЗДРАВА ХРАНА
ДАТА: 23.06.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЗОРИЦА НИКОВА-ЦИНГУЛОСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: СОЦИОЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ
НАСЛОВ НА ТЕМА: Плодови во зеленчуковата градина
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра, разговор
Потребни материјали:
- постери
- слики
- текст
Со будењето на природата, се буди и зеленчукот, кој во пролет изобилува со многу витамини и минерали, а тоа е лукчето, кромидчето, спанаќот, марулата, ротквицата. Зеленчукот кој го има во пролет се нарекува ран зеленчук.
Преку разговор и слики се поттикнува детето да го именува зеленчукот, да го опише, а потоа да го спореди по боја, форма, големина. За да порасне зеленчукот потребно му е сонце, почва и вода. Зеленчукот е богат со многу витамини и минерали кои се многу корисниза детскиот раст и развој.
Зеленчук дефиниран како разни делови од растенијата:
- Цвет: брокула, карфиол
- Зрна: грашак, грав
- Цели незреани мешунки: боранија
- Плодови: домат, краставица, пиперка, тиква, модар патлиџан, пченка, тиква, бамја
- Листови: спанаќ, кељ, штавел, марула
- Подземно стебло на растение: компир
- Корења: морков, пашканат, цвекло, ротква, репа
- Главици: кромид, лук
2. Практична креативна активност:
Потребни материјали:
- расад од кромид, спанаќ, марула
- лопатче
- кофичка со вода
- почва
Заедно со детето садиме зеленчук во импровизирана градина, правиме со лопатче дупка за расадот и го посадуваме. Полеваме со вода врз насадениот зеленчук и секојдневно ја надгледуваме градината, се додека не порасне кое растение кое сме го насадиле.
ЦЕЛИ:
- Децата да стекнат сознанија за зеленчукот, да се оспособат да го именуваат, препознаат и опишуваат зеленчукот по боја, форма, големина, карактеристики и начин на конзумирање.