ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Животните од приказните
ДАТА: 27.04.2020
РЕАЛИЗАТОР: Јулијана Илиева
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој.
СТАНДАРД: Детето може да се движи координирано со цел.
НАСЛОВ НА ТЕМА: ПИНГВИНИТЕ ОД МАДАГАСКАР
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра / разговор
* Потребни материјали:
- слики од ликовите од анимираниот филм
- илустрации
- детска литература
Пингвините се птици што не можат да летаат и поголемиот дел од својот живот го поминуваат во вода. Мал дел од нив живеат на Антарктикот каде што е многу ладно, а останатите се во потоплите делови (Нов Зеланд, Австралија, Чиле, Јужна Африка, Перу).
Пингвините се хранат со различни морски животни како што се лигњи, риби, ракчиња и слично.
Главни ликови во анимираниот филм Пингвините од Мадагаскар се Ковалски, Капетан, Војник, Рико - тоа се четирите пингвини и кралот на лемурите Џулиан. Тие не се во нивната природна средина туку се наоѓаат во зоолошката градина во Њујорк. Главна цел на овие мали животни е како да избегаат од зоолошката и да се вратат во нивните живеалишта, но за жал сите нивни обиди се неуспешни.
2. Практична креативна активност:
Изработка на пингвин
* Потребни материјали:
- пластично шише од половина литар
- тоалетна хартија
- самолеплив колаж
- ножици
- лепак
- лист од блок
- дрвени бои или фломастери
Ги цртаме ликовите од анимираниот филм-Ковалски, Капетан, Војник и Рико.
Неколку чекори како лесно да нацртаме пингвин.
3. Подвижна игра
Танцуваме како пингвини
https://www.youtube.com/watch?v=O_CqDruPF-8
Интересни факти за пингвините
- Постојат 18 различни видови на пингвини.
- Тие се родени ловци, нивните клунови се остри како сечиво, а со нивните крилја можат силно да замавнат доколку им се приближи некој натрапник.
- Помеѓу нив постои татковска љубов, таткото се грижи за бебето пингвин.
- Најголемиот вид е царскиот пингвин и тој може да достигне тежина од 35кг и висина од 1.1 метар, додека најмалиот вид е малиот син пингвин кој е висок 40см и тежок само 2кг.
- Животниот век на пингвините исто така зависи од нивниот вид. Дивиот пингвин може да живее од 15-20 години и поголемиот дел од животот го поминуваат во морето.
- Пингвините живеат во големи групи и до 1000.
ЦЕЛИ:
- Да се развива прецизност на движењата.
- Да се поттикнува на различни начини да ги изразува своите мисли, идеи и чувства
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето го движи телото и екстремитетите според такт на музика.