Галерија

Пешачки премин

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: УЛИЦА ВРВУЛИЦА

ДАТА: 20.05.2020

РЕАЛИЗАТОР: Зорица Никова Цингулоска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ:  Развој на јазик, описменување и комуникација.


СТАНДАРД:  Детето се вклопува во разговор, го разбира она што го слуша и соодветно реагира.


НАСЛОВ НА ТЕМА:  ПЕШАЧКИ ПРЕМИН


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра.

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература
  • видео запис

Што е тоа пешачки премин?

  • Обележан пешачки премин  е дел од површината на улицата, наменет за премин на пешаци преку улица и обележан со ознаки на улицата со сообраќаен знак за известување.
  • Пешачки остров  е издигната или на друг начин обележана површина на улицата, наменета за привремено задржување на пешаци кои преминуваат преку улица, влегуваат или излегуваат од возило на јавниот сообраќај.
  • Пешачка патека е дел од пат наменет за движење на пешаци.
01
02

Видео запис:

https://semaforko.mk/shto-e-peshachki-premin


2. Практична креативна активност:

* Потребни материјали:

Изработка на пешачки премин

Потребни материјали:

  • картон
  • хартија
  • лепак
  • ножици
  • водени бои

03


3. Mузичка игра:

https://www.youtube.com/watch?v=l2baP0DZ580

4.Цртан филм

https://www.youtube.com/watch?v=_yBPARNH9dU


ЦЕЛИ:

  • Поттикнување на детето во концептуалното разбирање на зборовите, како и правилен изговор на истите.
  • Поттикнување и охрабрување на детето да разгледува сликовници книги и списанија, и именување на сообраќајните правила.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето го знае значењето на некои специјализирани зборови на пример пешачки премин.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес5
Вчера396
Оваа недела1547
Овој месец6437

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-04-27

Политика за колачиња