Галерија

Перцепција и учење на бои

Изработил: м-р Анета Јовановска Стојаноска дефектолог


Како се формира концептот на боја кај децата?

Првично, бојата е неразделна од предметот - топката е сина, пилето е жолто, знамето е црвено, ливчињата се зелени. Детето не знае дека може да има црвена топка, жолто знаме и зелена трева. Детето нема генерализирана слика за дадената боја.

Формирањето на концептот на боја кај детето се врши со тоа што прво му се прикажуваат различни предмети, но со иста боја. Заедно со визуелната перцепција на бојата, мора да го согледа и името на предметот.

На пример: Црвена топка, црвена коцка, црвена блуза.

За да се зајакне знаењето на детето за црвената боја, корисно е во втората година да се оддели од група на шарени, но хомогени предмети, само црвена, со тоа што возрасниот му покажува кој предмет е црвен.

Најдобро е кога прво ќе се започне со група предмети составени од две бои, а потоа ќе се премине на повеќе бои. Користејќи ја шемата  детето подобро го поврзува својството на бојата со зборот црвено, односно предмет- боја.

За таа цел, можат да се користат сите видови на предмети - топки, коцки, стапови, картички, чаши, чинии, гумени играчки и многу повеќе.

Од особено значење се практичните вежби од секојдневието за усвојување на боја..

 На пример, дете од 1 година и 6 месеци шета со својата мајка во паркот. Една девојче вози црвен велосипед, мајката го насочува вниманието на детето кон црвениот велосипед. Мајката вели " Види црвен велосипед". Доаѓаат дома, поминува црвен автобус. Повторно, мајката не заборава да рече: „Овој автобус е црвен“. Со назначување " црвен" бојата постепено се одвојува од самиот предмет и се стекнува со свое значење. Дома мајката го замолува детето  да му каже на својот татко каков велосипед и  автобус виделе. Тоа е мало и сè уште не може да го изговори зборот, но мајката дава одговор за него. Детето тоа го потврдува со тресење на главата, а подоцна, после втората година во вакви случаи, се обидува да ја именува бојата, иако нејасно. На овој начин, бојата постепено се одвојува од самиот предмет и се стекнува со свое значење.

Кон средината на третата година, детето може да ја именува црвената боја кога ќе ја види. Вклучувањето на зборови во активен говор што означуваат бои на предмети, како што се црвена, сина, зелена, може да не се појави до крајот на третата година, ако родителите/ воспитувачите не го учат детето.  Тие деца го одржуваат својот сетилен развој на пониско ниво, со тоа што многу подоцна почнуваат да ги именуваат боите.

Очекувано е 3 годишно дете да ги именува боите:црвена, жолта, зелена и сина боја. Некои деца може да именуваат и бела, црна и кафеава. Тоа зависи од обидите на родителите/ воспитувачите да ги научат децата. Препознавањето и именувањето на четирите бои е доволно за рана возраст. Индивидуалните разлики кај децата не треба да се забораваат. Препознавање и именување на бојата зависи од претходните знаења на детето и неговата возраст.

Во пракса, се верува  дека децата од рана возраст најмногу ја сакаат  црвената боја. Затоа често родителите при купување избираат црвени и сјајни играчки. Направени се многу експерименти од страна на разни научници за да се утврди кои бои најпрво ги согледува детето. Резултатите се многу различни. Некои докажуваат дека црвената е најатрактивна боја, други ја утврдуваат предноста на жолтата.  Големи индивидуални разлики се најдени за интересот за бои.

Од литературата е познато дека окото нема иста чувствителност на различни зраци на спектарот. На пример, кај возрасни, откриено е дека жолтата боја изгледа најсветла. Чувствителноста на сини и црвени зраци е значително пониска. На пример, до сината боја, таа е 40 пати помала од жолтата. Ова дава причина да се претпостави дека детето прво ја перципира жолтата боја.

Од аспект на едукативна гледна точка, не е најважната која боја прво ја перцепира, поважно е да му се даде можност да согледа не само една боја, туки целиот спектар на бои. Секоја боја е нов стимуланс, дава нови информации и има корисен ефект врз визуелниот развој.

Најмалите деца сакаат  посветли и заситени бои. Шаренилото и светло обоените играчки го привлекуваат вниманието на  детето повеќе од безбојна или бледа играчка. Ова не значи дека не треба да има играчки со побледи бои. Напротив, во овој случај, разновидноста е клучна затоа што нуди можност да се разликуваат боите. Детето мора да има црвена топка, зелена топка и сина топка. Ако му понудиме две играчки со иста форма, но различна по боја, после 5-6 месеци на возраст ќе откриеме дека тоа одбира играчка во бојата што ја сака.

Задачата на сензорните стимулации на оваа возраст, сепак, не се да се создаде предност за една или друга боја, туку да се научи детето да ги перцепира и разликува боите едни од други. Затоа, и меѓу играчките и во облеката и домашната средина треба да има најразлични бои. Но, вреди да се напомене дека сè што е премногу не е корисно. Прекумерната разновидност и многу јаките бои  го нарушуваат видот. Прекумерната боја создава проблем од одржување на внимание и детето има потешкотии да се концентрира, затоа многу бавно или скоро не ги перцепира боите. Воедно шаренилото на цртаните филмови и големите екрани даваат променлива слика за бојата. Најдобро е од мала возраст децата да ги откриваат и учат боите во природата. Со тоа ќе се стимулира сензорниот и когнитивниот развој кај детето и ќе развиваат емоциите.

percepcija ucenje boi

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес142
Вчера351
Оваа недела1391
Овој месец6723

Моментално посетители

4
Онлајн

2024-03-29

Политика за колачиња