Галерија

Пеперутки

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Птици и инсекти


ДАТА: 06.05.2020


РЕАЛИЗАТОР: Силвана Васовска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на пристап кон учење.


СТАНДАРД: Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства.


НАСЛОВ НА ТЕМА: Трите пеперутки


АКТИВНОСТ:

1.  Говорна игра

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • приказна

Раскажување приказна

Во една градина живееле три другарки пеперутки со различни бои. Едната црвена, другата жолта, и третата бела. Секој ден тие танцуваа и си играа во градината и беа многу среќни. Еден ден, додека си играа во градината почна да врне. Тие одлетаа до црвеното цвеќе и го запрашаа дали може да останат под неговите ливчиња, за да не им се намократ крилцата. Црвеното цвеќе им одговори дека може да остане само црвената пеперутка, затоа што има иста боја како цвеќето. Но пеперутките не сакаа да се разделат и си го продолжија летот. Дождот не запираше, па пеперутките долетаа до жолтиот цвет. И него го прашаа дали може да се засолнат кај него. Но и тој дозволи да остане само жолтата пеперутка, затоа што има иста боја како него. Трите пеперутки одлетаа затоа што не сакаа да се разделат.Истото се случи и со белото цвеќе. Тие не можеа да најдат засолниште од дождот. Тогаш сонцето ги здогледа од зад облаците, се искачи над нив и почна силно да грее со своите зраци. Повторно беше сончево. Нивните крилца се исушија, и тие повторно среќно си играа.

https://www.youtube.com/watch?v=BUoXOmO9hFM

ptici insekti peperutka 1


 

2. Практична креативна активност:

Изработка на пеперутка

* Потребни материјали:

  • салфетки во боја
  • лепак
  • харија
  • ножички

ptici insekti peperutka 2


3. Музичка игра:

Пеперутка

https://www.youtube.com/watch?v=19BWKQeBS3I


ЦЕЛИ:

  • Да се поттикне иницијативност, креативност, трпеливост при реализација на активностите.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето успешно работи со ножици и ги користи палецот и показалецот при работа со материјали од хартија.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес410
Вчера382
Оваа недела2512
Овој месец7489

Моментално посетители

2
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња