ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Боите на летото
ДАТА: 12/08/2020
РЕАЛИЗАТОР: Зорица Никова Цингулоска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење
НАСЛОВ НА ТЕМА: Печатење, сликање со различни материјали
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра, разговор, серија слики, текст (краток)
Детскиот цртеж е еден од начините,преку кое детето искрено се изразува.на нас постарите,цртањето на детето ни е од голема важност.Формирањето и развојот на цртањето како способност,се одвива паралелно,како што се развива моториката кај детето,неговиот говор,емоцијалните,психичките и физичките гункции кај детето формирањето на поими и претстави
2. Ликовно креативни игри:
- Правиме сладолед: Со правење кутија за сладолед и ставање топчиња со соодветната боја децата на возраст од 3 до 6 години ја развиваат способноста за изнаоѓање на сопствени пристапи во решавање проблематични ситуации
https://www.youtube.com/watch?v=Pc7GZoqAznE&feature=youtu.be
- Печатење со балон:Детето има слобода да избере предмети од секојдневниот живот или природа (пластични чаши и шишиња, монети, балони, плутени тапи, гранчиња, лисја, материјали за рециклирање итн.) со кои детето ќе направи отпечатоци на хартија. Предметите можат да бидат натопени од едната страна во понудената боја на палетата на бои, во плиток пластичен сад со боја, темпера или туш. Може да се натопи на влажен сунѓер, преклопена и натопена салфетка за хартија – на која ќе се притисне избраниот предмет, чиј отпечаток сакате да го направите на хартијата. После ова истражување и добиени отпечатоци од понудени производи – на децата може да им се прикажат отпечатоците и од нив да го пронајдат (од претходно формирана колекција) предметот со кој е направен таков отпечаток и да го повторат. На тој начин, влијаеме кај детето врз подобрувањето на вештините за решавање проблеми и критичко размислување, заради селекција и донесување одлуки помеѓу понудените субјекти.
ЦЕЛИ:
- Развивање на способност за истражување,споредување,именување на бои, текстура, интерес за моделирање на разни форми, предмети, животни и слично.