Галерија

Патување во минатото

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Патувања - доживувања

ДАТА: 10.06.2020

РЕАЛИЗАТОР: Јулијана Димитриевска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење.


СТАНДАРД:  Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства.


НАСЛОВ НА ТЕМА: ПАТУВАЊЕ ВО МИНАТОТО


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • енциклопедија – 101 прозорче "Пронајдоци",

Денес ке патуваме во минатото. Ќе се запознаеме со историскиот развој на сообракајот на сите видови на сообраќај.

Најстар облик на сообраќај е патниот сообраќај. За негов развој најзначајно е пронаоѓањето на тркалото. Со него луѓето во старо време за своите потреби – превоз на товар и луѓе, ја измислиле запрежната кола,  која била влечена од коњи или волови. Таа се движела по нерамен  терен па често тркалата се расипувале. Тогаш луѓето почнале теренот да го рамнат и така настанал првиот пат. Во тоа време бил измислен  првиот велосипед  кој од далеку не наликува на денешниот.

1

Железнички сообраќај настанал во рудник каде за потребите на лугето. Рудата ја изнесувале во теретна кола ( влечена од коњи )  по примитивни шини. Подоцна е измислена парна локомотива по шини која пренесувала товар и луѓе на поголеми далечини.  Денешните шински возила најчесто се придвижени со помош на електрична енергија.

2
3

Воден сообраќај настанал од потребите на луѓето да ги преминат водените површини и да пренесуваат товар и патници, почнале да прават кану од издлабено стебло на дрво, сплавови од врзувани стебла на дрва  и подоцна од кожата на животните бил направен и првиот кајак  со весла. Ја искористиле силата на ветерот правејќи ги првите едрилици. Со пронаоѓањето на парната машина настанал и првиот параброт на јаглен и нафта. Денешните бродови се движат (  со еден или два пропелера ) со дизел мотори или гасни турбини.

4
5

 Воздушен сообраќај настанал од големата желба на луѓето да летаат. Така прв е измислен балонот, па воздушни бродови. Така се превезувал товар и патници на големи далечини. Со пронаоѓањето на бензискиот мотор настанал и првиот авион направен од лесно дрво и платно. Денешните авиони и хелихоптери се движат на млазен мотор и користат керозин.

6
7

2. Практична креативна игра

Во минатото децата немало од каде да купат играчки па затоа тие сами си правеле од материјали што ги имало дома.

Ајде сега заедно да си направиме - ,, Коњче,, - истото што  во минатото прво ја влечело запрежната кола.

Потребен материјал :

  • стари чорапи
  • копчиња
  • волница
  • ножички
  • лепак
  • дрвено стапче  

8


3. Подвижна игра

,,Патувај – јавај го твоето коњче,, ( одење, трчање, скокање, прескокнување ниски предмети, носење на товар - корпа со плодови).


4. Музичка игра

Сообраќај – Златно Славејче (2014)

https://www.youtube.com/watch?v=l2baP0DZ580&feature=youtu.be


ЦЕЛИ:

  • Децата да се запознаат со настанокот на сообраќајните средства во минатото.
  • Да се оспособат да користат разни форми и извори на информации.
  • Да се поттикнат да поставуваат прашања за она што за нив е непознато.
  • Да се развива способност да се користи играта во функција на учење и откривање.
  • Да се поттикнува чуство на радост и задоволство од успешно завршена работа.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето покажува интерес и сака да знае повеќе за постанокот на сообраќајните средства во минатото.
  • Детето прифаќа предизвици и настојува успешно да ја заврши активноста – играта.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес327
Вчера382
Оваа недела2429
Овој месец7406

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња