ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Патувања – Доживувања
ДАТА: 11.06.2020
РЕАЛИЗАТОР: Весна Боневска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазик, описменување и комуникација.
СТАНДАРД: Детето може да слуша и разбира говорен јазик. Детето ги изразува емоциите преку игра.
НАСЛОВ НА ТЕМА: Патување во Иднината
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ разговор
* Потребни материјали:
- слики
- детска литература
- интернет
Повелете, прочитајте го расказот.
“Патување во земјата Фантазија“.
Многу одамна си живееше еден волшебник. Тој ја откри земјата Фантазија во која имаше светликава трева, шарени цветови, кристални дрвја и виножитни водопади, а нејзин владетел беше Знаење. Знаење делеше мудрости на секој кој ќе дојдеше во оваа земја. Волшебникот не сакаше да ја задржи преубавата земја само за себе, па реши да ја однесе секаде кај што живееја деца. Ги повика децата во земјата Фантазија и ги задолжи граѓаните да го описменат секое дете кое ќе влезе кај нив. Децата штом слушнаа, веднаш се стрчаа кон земјата Фантазија и се запознаа со ликовите што живееја во неа, Снежана, Пепелашка, Петар Пан, Ѕвончица, Шеќерното дете, Доктор Оф Боли... Од утро до мрак во земјата Фантазија се слушаше смеа. Но, еден ден се случи нешто неочекувано. Ниту едно дете не се појави. Сите се зачудија, но си помислија дека заборавиле. Утредента се случи истото. Помина цела недела, а никаде ни трага, ни глас од деца. Жителите се собраа на големата полјана. Уште никој нема! - рече Снежана. Да, навистина чудно, - потврди Шеќерното дете. Што ќе правиме сега? - праша малиот Палчо. Ќе го прашаме за совет Волшебникот што не остави тука, Ѕвончица ќе не однесе. - предложи Петар Пан. Ѕвончица се согласи па тргнаа да го бараат и по некое време конечно го најдоа. Му ја кажаа на волшебникот нивната мака и тој им рече: Јас за ова не можам да ви помогнам, децата треба сами да сфатат дека знаењето полека им го снемува. Веќе немаше смеа во земјата Фантазија, немаше ни игра, ни радост, се беше осамено, тивко и тажно. И во училиштата сè се промени. Децата полека почнаа да го губат знаењето. Еден ден тие си рекоа: Зошто веќе ништо не знаеме? - праша едно од нив. Не знам, нешто треба да направиме. - се јави друго дете. Да се потсетиме каде сè може да се добие знаење. - предложи трето. Во книгите! - викнаа сите во еден глас. Сите се растрчаа. Бараа на сите места, но не можеа да ја најдат земјата Фантазија. Пократко време видоа една сива светлост во една книга. Ѕирнаа внатре и открија дека тоа е земјата што ја бараа, само сива и мрачна. Цвеќињата беа овенати, тревата немаше сјај, куќите беазаклученисо катанци, а жителите беа тажни. Децата влегоа внатре. Тропнаа на една врата и побараа дозвола да влезат. Во куќата живееше Пепелашка која исплашено им рече дека не може да ги пушти затоа што може да влезе новиот владетел Незнаење Тој ќе го здроби секој што ќе го види на патот. Истиот одговор го добија и во другите куќи. Во последната куќа прашаа дали може некако да се избрка Незнаење. Од внатре одговорија дека него можат да го избркаат само со читање. Сите почнаа да читаат. По некое време Незнаење си замина и се врати Знаење, кој им рече на децата повеќе да не ја забораваат земјата Фантазија. А вие не ги заборавајте книгите на полиците бидејќи Незнаење брзо ќе дојде и во вашиот свет.
2. Практична активност
Играње со емоции
- Децата кога знаат се среќни
- Децата кога незнаат се тажни
3. Музичка игра:
Песничка
Наслов: Моето патување во фантазија.
Книгата ме мами,
да фантазирам ме кани.
Во неа ќе нуркам,
граници ќе туркам.
Со злото ќе се борам, семоќен сум, се можам да сторам.
Прекрасен е овој пат,
читам и сонувам,
и длабоко потонувам,
и повторно на книгата и се поклонувам.
Цели:
- Да се потикне активно слушање и разбирање на говорот од страна на возрасен.
- Да се оспособува детето за воочување и почитување на сличностите и разликите кај себе и кај другите деца.
Индикатори:
- Детето соодветно реагира на изговорените зборови од страна на возрасен.
- Се однесува пријателски кон дете кое е различно од него.