Галерија

Патување во фантазијата

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Патувања-доживувања

ДАТА: 09.06.2020

РЕАЛИЗАТОР: Јулијана Илиева


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој.


СТАНДАРД: Детето може да ги препознае и соодветно да ги изразува своите емоции.


НАСЛОВ НА ТЕМА: Патување во фантазијата


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/ разговор/обработка на текст.

Омилено патување - разговараме каде ни било најубаво.

-Кое патување ни оставило најголем впечаток?

-Со што сме патувале?

-Каде сме поминалепри патувањето?

-Некоја интересна случка од патувањето?

1

Патувањето на Миа

Миа сака да патува. Патува речиси секоја ноќ. Ќе ги затвори очињата, ќе си одбере место и сонува. Денеска сака да патува во вселената. Ќе оди да ја види Месечината. Едвај чека да се стемни за да може да ја најде.

И конечно се појави. Мала топка со белосребрен сјај. Стои закачена на модрото небо. Многу и се допадна. Миа ќе оди да ја земе за да ја однесе дома. Така одлучи.

Се подготвува. На пат секогаш се оди со ранец. Во него мора да има водаи уште неколку потребни работи. Вселенското летало ја чекаше подготвено. Вселенските летала се многу брзи. За неколку минути одлета во вселената. Патот и го осветлуваа многу сјајни ѕвездички. Многу и се допаднаа. Посака и нив да ги земе. Подзастана и ја испружи десната рака. Собра 4 ѕвезди и ги стави во ранецот, па продолжи. Потоа повторно подзастана и собра уште 3, патувањето продолжи.

Ранецот светеше од сјајот на ѕвездите.

-А да земам уште неколку?-си помисли и повторно ја испружи раката. Зеде уште 2 и продолжи понатаму. Изгледа многу се задржа по патот. Забележа дека Сонцето веќе почнуваше да свети. Месечината полека избледуваше. Конечно стигна до Месечината. Беше многу среќна. Ги испружи рачињата да ја дофати и....оп!-Месечината се потргна подалеку. Повторно и се доближи. Повторно ги испружи рачињата. И пак исто.

Се обиде уште неколку пати, но никако не успеваше да ја дофати. А секогаш беше многу, многу блиску. Изгледа секогаш е така во соништата-секогаш си многу блиску, а во исто време и многу далеку.

Се обиде за последен пат. Ги испружи рачињата и.......се разбуди. Сонцето ја имаше осветлено нејзината соба. Месечината веќе одамна заминала. Ако.....Миа треба уште многу, многу пати да спие додека да порасне. А кога ќе порасне, ќе сонува поголеми соништа. Можеби еден ден ќе успее да ја дофати Месечината.

-Каде патувала Миа?

-Со што патувала?

-Што сакала да дофати?

-Колку вкупно ѕвездички собрала Миа?


2. Патување во фантазијата - патуваме со музика

https://www.youtube.com/watch?v=YxfnUPqWV0k

Со помош на пријатните звуци од музиката ќе патуваме. Ќе ги затвориме очите и ќе си замислиме некое убаво место каде што сакаме во моментот да бидеме. Пр. Некоја убава плажа со убав бел песок, палми, сино море....

Патувањето нека трае 5-10 минути.

2


3. Впечатоци од патувањето - ликовна игра.

Ги цртаме впечатоците од замисленото патување

Потребни материјали

  • бел лист
  • темперни или водени бои
  • четка
  • сад за вода

ЦЕЛИ:

  • Да се поттикнува на различни начини да ги изразува своите мисли, идеи и чувства.
  • Да го негува и развива чувството на љубов кон себе и другите.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето се претставува себе си во различни улоги  на симболичката игра.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес350
Вчера382
Оваа недела2452
Овој месец7429

Моментално посетители

3
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња