ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК - ЗДРАВА ХРАНА
ДАТА: 25.06.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЕЛИЗАБЕТА СТОЈКОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазикот, комуникација и описменување
СТАНДАРД:
- Детето може да зборува и комуницира
- Детето може да воспостави контрола на движењето на дланките и прстите
НАСЛОВ НА ТЕМА: ОВОШЕН СЛАДОЛЕД
АКТИВНОСТ:
1. Разговор/говорна игра
* Потребни материјали:
- списанија за деца
- слики
Сладоледот е најомиленото нешто на децата и на возрасните во летниот период.
Сладоледот може да биде овошен, млечен, чоколаден.
Видови на сладолед:
- на стапче
- сладолед - торта
- корнет
Сладоледот служи за разладување и освежување на организмот во топлите денови.
Децата може да дадат свои искази кој сладолед им е најомилен.
2. Практична креативна активност
* Изработка на овошен сладолед од пластелин
Потребни материјали:
- пластелин
- шпатули
- корнети
https://www.youtube.com/watch?v=Q0JNA-mhTvg
3. Музичка игра:
- Сладолед
https://www.youtube.com/watch?v=OFEmZDZRH7U
ЦЕЛИ:
- Да се охрабри детето да поставува прашања и да комуницира со децата во групата
- Развој на ситната моторика на дланките и прстите