Галерија

Овци во трло

Тема на неделата: Домашни миленици

Дата: 15.04.2020

Реализатор: Весна Зафировска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење.


СТАНДАРД: Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства.


НАСЛОВ НА ТЕМА: ОВЦИ ВО ТРЛО


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

🙂 Што знаеме за овцата?

Овците се едни од најчестите животни на фарми во светот. Додека некои овци живеат во дивина, за повеќето се грижат лугето, па затоа и ги нарекуваат домашни. Постојат 1 биљон овци и околу 40 раси во светот распространети на ливадите, на планинските пасишта и на фармите за добиток. Таа е четвороножен папкар. Разликата помеѓу овцата и овенот е во тоа што овенот има рогови.

🙂 Со што се храни овцата?

 Овцата е тревопасен преживар: зиме останува во трлото и се храни со сено и зрнеста храна од жити растенија, а напролет се напасува на пасиштата. Мажјакот се нарекува овен или брав, додека младенчето се нарекува јагне. Овцата раѓа едно, поретко две јагниња, кои ги носи пет месеци. Јагнето цица од својата мајка 4 месеци, пред да премине на исхрана со трева и сено. Овцата дава млеко во просек по едно литро дневно, кое многу хранливо и здраво.

🙂 Која е ползата од овцата?

 Една од најголемите причини зошто луѓето сакаат да одгледуваат овци освен млекото, е и нивното крзно наречено волна. Волната е одличен материјал за правење облека, затоа што трае подолго, отпорна е на топлина, многу е лесен за носење посебно во зима, а добар е и за во лето.

🙂 Како се нарекува личноста што се грижи за овците?

Овчарот се грижи (ги напасува лете на пољана,а во зима во трлото ги храни со сено ,им дава вода, ги лечи,ги шиша…итн) за група овци, а групата овци се нарекува стадо. Овчарот се грижи за безбедноста на стадото, го штити од волци и други грабливци. Затоа е важно секогаш да биде подготвен.

🙂 Овците се најмирољубиви и најкорисни домашни животни.

01
02

2. Практична креативна активност:

* Потребни материјали (зависно од тоа со што располагате во моментот има избор за три креативни изработки):

  • темперна бела боја
  • пуканки
  • лепак
  • памук
  • колаж хартија

🙂 Изработка на овца:

http://www.craftymorning.com/fingerprint-sheep-craft-kids/

http://knippen.articoblog.com/the-wool-of-the-sheep-has-disappeared-the-children-may-help-to-get-the-wool-back-on/

https://cray.myparkinsonsinfo.com/?p=9211

03
04
05

3. Подвижна игра:

🙂 Кучето ги собира овците во трло.

Во играта се вклучени барем двајца играчи. Играта се одвива на тој начин што родителот е ликот на кучето, кое го брка детето (ликот на овцата). Постои и безбедна зона (под маса) каде може да се сокрие овцата. Целта е да се фати (да се гушне) овцата. Игрта може да се продолжи со промена на улогите.


ЦЕЛИ:

  • Да се поттикнува интересот за користење на различни форми и извори на информации.
  • Да се поттикнува кон селективно избирање активности од повеќето кои што му се нудат, согласно со личните интереси и начините на разбирање и прифаќање.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето поставува прашања за работи кои прв пат ги забележува во својата околина.
  • Детето самостојно прави избор на материјали и начинот на кој сака да учествува во играта.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес20
Вчера429
Оваа недела2551
Овој месец7528

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-24

Политика за колачиња