Галерија

Известување за online учење

Почитувани родители

Поради вонредната состојба во нашата држава и затварање на градинките, пред нас се појави нов предизвик кој вклучува воведување на нов начин на продолжување на воспитно образовниот процес а тоа е "учење на далечина".

Во таа насока стручниот тим од нашата градинка, воспитувачи, стручни соработници и стручни работници ќе подготвуваат активности и едукативни содржини кои се во согласност со програмата за работа на градинката и со Националната програма за рано учење и развој, а истите ќе бидат објавувани на нашата официјална web страна почнувајќи од 30.03.2020 .

Учењето на далечина ќе трае се до завршување на вонредните мерки и додека децата не се вратат во нашите занимални.

Активностите кои ќе бидат објавувани ќе бидат прилагодени и поедноставени за да можете Вие со Вашето дете да ги реализирате во домашни услови.

Децата ни недостасуваат, недостасува нивниот џагор и нивната смеа, затоа учителките ваши ќе се погрижат да бидат со сите вас на ваков виртуелен начин.

#остснидомаучидома#

Со почит
ЈДГ Весели Цветови

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес28
Вчера297
Оваа недела852
Овој месец3744

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-04-18

Политика за колачиња