ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Омилени приказни,басни,сказни и песни
ДАТА: 07.08.2020 г.
РЕАЛИЗАТОР: НАТАША ПОПОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења
НАСЛОВ НА ТЕМА: Омилени песни од детски фестивали
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра, разговор, серија слики, текст (краток), гатанки и слично по ваш избор.
* Потребни материјали:
- ЦД- плеер
- Компјутер
- ДВД
- Телевизор
- Постери со музички инструменти
- Списанија со фотографии од детски фестивали
Музиката е уметност која ја облагородува душата на човекот а особено на децата.
Таа треба да биде присутна, секаде, секогаш и кај секого.
Преку музиката детето ги изразува своите чувства, а тоа се согледува во напливот на позитивни емоции кај децата слушајќи музика, пеејќи песнички, осознавајќи го чувството за ритам,запознавајќи се со музички инструменти.
Децата имаат можност преку наведените средства за реализација на активноста да се запознаат со песничките интерпретирани од дечиња на различни фестивали во нашата држава.
2. Музичка активност-слушање,пеење,обработка на песнички од детски фестивали
* Потребни материјали:
- ЦД
- Компјутер
Златно Славејче:Катерина Пислевиќ - Моето семејство
https://www.youtube.com/watch?v=jyhN1wkRSfs
Златно Славејче: Мишел Матиќ - Кап Кап
https://www.youtube.com/watch?v=uHmxZZOW-Kg
Супер Ѕвезда: Патриција,Елена и Глигор - Само Rock & Roll
https://www.youtube.com/watch?v=smMezpeyMi4
Поточиња: Елеонора Ѓурѓевиќ - Лимонче и чајче
https://www.youtube.com/watch?v=DqDQgdxLfsk
Златно Славејче: Бисера Самарџиева - Слончето Бимбо
https://www.youtube.com/watch?v=-Lh6924NIxg
ЦЕЛИ:
- Овозможување, поттикнување на детето за доживување на музиката.
- Оспособување за усогласување на движењата на детето во ритам со музиката која ја слуша.
- Негување на љубов кон музиката и ползување на музиката како средство за изразување на чувства, емоции, канализирање на негативните чувства.
- Запознавање со музички термини како што се: хор, концертна сала, бина, микрофон.