Галерија

Омилени цртани филмови

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ОМИЛЕНИ ПРИКАЗНИ, БАСНИ, СКАЗНИ И ПЕСНИ.

ДАТА: 05.08.2020

РЕАЛИЗАТОР: Елена Гоговска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење


НАСЛОВ НА ТЕМА: ОМИЛЕНИ ЦРТАНИ ФИЛМОВИ


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра, серија слики.

* Потребни материјали:

  • слики
  • текст
  • видео

Зборот цртан филм или анимиран филм има неколку значења, врз основа на неколку различни форми на ликовна уметност и илустрација. Кога ќе се спомне зборот цртан филм веднаш се мисли на илустрација која е исполнета со хумористични елементи. Цртаните најмногу се гледаат од страна на младата популација. Тие за нив се забавни, хумористични и возбудливи. Психолошки е докажано дека гледањето цртани филмови помага и е доста потребно во развитокот на децата. Во сегашно време цртаните од типот на Пепелашка, Снежана, Аладин се исчезнати. Со ова се подразбира дека цртаните со слична структура на приказната повеќе не постојат но и цртаните со слична или иста анимација и илустрација исто така повеќе не постојат или подобро речено повеќе не се произведуваат. Но како и да е сите цртани без разлика на анимацијата и структурата на приказната тие сепак ги имаат елементите кои го прават секој цртан филм ист а тоа се: љубовта, пријателството, чесноста, правдата и вечната борба против доброто и злото. Луѓето кои ги произведуваат цртаните се викаат илустратори и аниматори.

1

ОВА Е ПРВИОТ ЦРТАН ФИЛМ ВО ИСТОРИЈАТА.

Францускиот цртан филм "Fantasmagorie" на авторот Емил Кол се смета за прв во историјата.

Цртаните филмови со текот на времето се менувале а на сите им се најдраги оние кои ги гледале додека биле деца. Овој цртан филм се појавил во 1908-ма година а во него се појавуваат само два лика. Во цртаниот филм има и сцена каде се гледа раката на авторот на ова дело.

https://www.youtube.com/watch?v=swh448fLd1g&feature=youtu.be

ОВА Е НАЈДОБРИОТ ЦРТАН ФИЛМ НА СИТЕ ВРЕМИЊА.

Анимираниот филм „Кралот Лав“ за прв пат се појави во 1994 година. Интересен факт за овој анимиран филм е тоа што сите ликови се цртани со пенкало. Само стампедото и сцената од песната “Circe of Life”, биле работени на компјутер. „Кралот Лав“ е еден од најуспешните цртани на Дизни.

2

3

 

Цртаните филмови може да ја зголемат имагинацијата и креативноста кај детето. Тие директно влијаат врз развојот на неговата личност. Детето може да создава нови идеи инспирирани од ликовите и да измисли нови приказни или уметнички дела врз основа на цртани филмови кои ги гледало. Во секој од цртаните филмови детето пронаоѓа и обожава некој својот омилен лик кој го имитира т.е се идентификува со него, при што се стреми да биде како него и презема особини од ликот. Но, понудете им цртан филм кој ќе има јасна содржина но и поучна, едукативна со изразени вредности.

Времето поминато пред екран не треба да биде подолго од еден час во текот на денот. Некогаш времето искористете го за да им ги покажете цртаните филмови од вашето детство на вашите деца. Разговарајте за тоа кој цртан филм и кој лик ви бил омилен вам. Понудете им цртан филм кој ќе има јасна содржина, но и поучна, едукативна со изразени вредности. Најважно, не заборавајте да разговарате со вашето дете за чувствата и доживувањата од она што го гледа.

Гледајте заедно.

Гледањето цртан филм заедно со детето е и одлично средство за поврзување со него и создавање комуникациски канали. На родителите често им препорачувам да се вклучат во таа активност заедно со децата. Да следат што го интересира детето и како и на каков начин ги доживува и презентира нештата што ги гледа. Децата што го гледаат цртаниот филм заедно со родителот или родителите имаат многу прашања во врска со тоа што го следат. Доколку не е вклучен активно, родителот треба најмалку пасивно да биде вклучен во ваквата активност. Потребно е заедно со детето да структурирате време во текот на денот кое ќе биде предодредено за гледање цртан филм заедно со ограничувањето на времетраењето на активноста, како и содржината на истата. На пример, можете да ја структурирате и како дневна рутина, еден час на пладне. Родителот треба секогаш да знае што гледа детето и на каков начин го следи сето тоа. Од тоа може да се инспирира и од тоа може да научи многу за своето дете. Во спротивно, гледањето на цртаните филмови може да биде пренасочено во контрапродуктивна и деструктивна активност врз развојот на детето.

4
5

2. Цртан филм.

Во продолжение неколку интересни цртани филмови.

https://www.youtube.com/watch?v=bYQi5omvrNo

https://www.youtube.com/watch?v=paUkVZrK_BA

https://www.youtube.com/watch?v=EorJ8cEzsZo

https://www.youtube.com/watch?v=G3JNEoU5A9Q

https://www.youtube.com/watch?v=1teoFsMu8yY

https://www.youtube.com/watch?v=scUCos42kfw

https://www.youtube.com/watch?v=Gqd8MN2_khk

https://www.youtube.com/watch?v=yWDsQOtFEH4

https://www.youtube.com/watch?v=ULna8seOuI0


ЦЕЛИ:

  • Поттикнување на интересот за користење на различни форми и извори на информации.
  • Развивање на сопствен пристап и стил кон учењето.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес272
Вчера382
Оваа недела2374
Овој месец7351

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња