Галерија

ОДБИРАМЕ ЕМОЦИИ

Работилница под наслов: ОДБИРАМЕ ЕМОЦИИ е за на web страната и е наменета  за родителите.


ТЕМА:

„ОДБИРАМЕ ЕМОЦИИ“

Најмили дечиња, ајде да си играте во семејството со емоциите. Кажете им на членовите од семејството на ливчиња да ви нацртаат повеќе изрази на лица со емоции, и тоа секој израз со емоција два пати. Е откако тоа сте го направиле, играта може да започне. А играта се реализира на следниот начин:

  1. Ливчињата/картичките со изрази на емоции ги редиме на под во најомилената соба на детето и тоа свртени од страната каде нема да се гледа емоцијата.
  2. Детето отвора по две картички.
  3. Ако не се појавиле две исти картички, повторно се превртуваат од спротивната страна.
  4. Ако детето погодило две исти емоции, го прашувате детето што значи таа емоција и кога последен пат детето се чувствувало како конкретната емоција.
  5. Играта трае се додека не се отворени сите картички и додека не се разговарало за сите нацртани изрази на емоции.
  6. Потребно е да нацртате минимум 5 изрази на емоции, што значи да имате минимум 10 картички.

Цел: развивање мемориски вештини; препознавање на емоциите; развивање социо-емоционални компетенции.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес83
Вчера247
Оваа недела83
Овој месец5921

Моментално посетители

1
Онлајн

2025-04-21

Политика за колачиња