Галерија

Обука за заштита на децата од сексуална злоупотреба во ЈДГ „Весели Цветови“

„На 03.03.2026 година ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје, како резултат на успешна соработка помеѓу стручен работник - социјален работник Весна Блажевска, Канцеларијата на Народниот Правобранител и ЕУ за владеење на правото, беше домаќин на одржување обука за заштита на децата од сексуална злоупотреба. Всушност, ова е почеток на една кампања ОД 1 ДО 5 - СТОП ЗА СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕЦАТА. На обуката беа присутни вработени од уште 4 други јавни детски градинки на територијата на Град Скопје. Како вработени во ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје сме особено горди што бевме домаќини и што ќе имаме можност да го правиме и направиме НАЈДОБРОТО ЗА ДЕЦАТА, односно да работиме на полето на ПРЕВЕНЦИЈА од било каква злоупотреба врз децата ".

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес161
Вчера287
Оваа недела161
Овој месец3513

Моментално посетители

3
Онлајн

2026-03-09

Политика за колачиња