По повод Неделата на детето, во објектот „Синоличка", во групата 3–4 години, се реализираше заеднички појадок и креативна работилница со децата и родителите на тема „Нашето семејство".
Дечињата, заедно со своите родители, уживаа во заедничкиот појадок, а потоа со многу љубов и креативност изработија украсни рамки за својата семејна фотографија.
Преку оваа активност се поттикнаа семејната блискост, заедништвото и позитивната интеракција помеѓу децата, родителите и воспитувачите, создавајќи убави и драгоцени заеднички спомени, меѓусебна доверба, соработка и комуникација.Реализатори: Елена Гоговска и Светлана Василевска

