Галерија

Најинтересно патување

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ПАТУВАЊА - ДОЖИВУВАЊА

ДАТА: 08.06.2020

РЕАЛИЗАТОР: СЛАВИЦА БРАЈКОВСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој


СТАНДАРД: Детето може да воспостави контрола на движењето на дланките и прстите.


НАСЛОВ НА ТЕМА: НАЈИНТЕРЕСНО ПАТУВАЊЕ


АКТИВНОСТ:

1. Утринска гимнастика

https://www.youtube.com/watch?v=4vMuc7BOdGI


2.  Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

Обработка на текст

На Дафина родителите за роденден и купија една голема книга со преубави бои. Но Дафина беше многу тажна не му се израдува на подарокот. Таа за својот роденден сакаше велосипед. Едно саботно утро небото беше стемнето. Дафина и Симе седеа во нејзината соба натажени бидејќи не можеа да си играат во дворот. Тогаш Симе ја здогледа убавата книга. Двајцата се сложија да ја погледнат заедно. Одеднаш од неа почнаа да излегуваат најразлични нешта: преубави плодови, музички инструменти, букви, планини, езера...

1

Дафина зачудено гледаше. Симе почна да врти лист по лист од книгата.  Од секоја страна наѕираше нешто ново и уште поубаво и поинтересно од претходната страна. Каде е ова Симе? – го праша Дафина. Тоа се трите природни езера. Но исто така на високите планини преку лето се создаваат и бистри но многу студени мали езерца. Тие се јавуваат кога се топат снеговите. Толку се чисти и убави што целото небо се огледува во нив, затоа се наречени планински очи.

2

Тие посетија прекрасни места. Посетија многу градови, убави планини и езера. Се запознаа и со нашата вкусна кујна. Родните полиња и ниви каде се одгледува најслаткото  јаболко, највкусното гравче и најубавото грозје.

3

Дафина истрча и ги гушна своите родители. Тие зачудено ја погледнаа, - Ви благодарам за мојот најубав роденденски подарок! –„Тоа беше најинтересно патување“.


3. Практична креативна активност:

Тродимензионален модел на земјината топка

* Потребни материјали:

  • Голема портокалова боја или глинамол, топка,овошје
  • Пластелин во различни бои

Прв чекор:

  • Направете топка од пластелин или глинамол. Доколку користите овошје или топка избришете го да биде суво.
  • Залепете пластелин над топката, избирајќи зелена за земјата, сина за водата. Користете жолта, портокалова и кафеава за обележување на ридови и планини.
4
5

Следна боја што ќе ја нанесете е портокалова

6
7

Највисоките места на земјината топка се означени со кафеава боја.


4. Музичка игра:

Ајде да патуваме

https://www.youtube.com/watch?v=NI45-rK7jD4


ЦЕЛИ:

  • Да се развива вештината за движење на прстите и дланките за конкретна цел.
  • Да се оспособи детето да моделира по зададена или слободна тема.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето ја користи доминантната рака во секојдневните активности.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес329
Вчера382
Оваа недела2431
Овој месец7408

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња