Галерија

Национална програма за ран детски развој во РСМ - педагог

Почитувани родители

Во периодот што следува, ЈДГ „Весели Цветови“ – на општина Кисела Вода во Град Скопје, заедно со стручниот и воспитниот тим ќе се обиде да го пополни Вашето време поминато дома со квалитетни информации за нашата работа, а истовремено ќе се обиде да ви понуди интересни содржини кои ќе ви помогнат квалитетно да го поминете времето со вашите деца во процесот на нивното растење и развивање.

За почеток, ќе ве запознаеме со програмата според која работиме, а која е Национална и е одобрена од Министерството за труд и социјална политика.

Националната програма за ран детски развој на Република Северна Македонија е посветена на згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст. Мисијата на предучилишното воспитание и образование во државата е: „еднаков приод и максимална опфатеност на децата од предучилишна возраст со најразлични форми и програми“.

Воспитно-образовната работа во детска градинка се изведува според Програма за рано учење и развој базирана на Стандарди за рано учење и развој кои се однесуваат на возрасниот интервал од 0 – 6 години, поделени во следниве групи :

  • 0 – 2 години
  • 2 – 4 години
  • 4 – 6 години

Во изготвување на стандардите за ран детски развој внимание се посветува на следниве аспекти :

- Физичко здравје и моторен развој

Клучни вредности кои се очекуваат од децата на возраст од 0 до 6 години се :

  • физичка компетентност и добра физичка кондиција,
  • активно учество на децата во средината која ги опкружува и
  • способност за примена на здрави и безбедни практики во секојдневните активности.

- Социоемоционален развој

Социјалниот и емоционалниот развој кај детето игра значајна улога во сегашното и идното негово социјално функционирање. Овој аспект се однесува на стекнување и учење вештини, коишто ја зголемуваат самосвеста и самоконтролата. Клучни аспекти кои се очекуваат од децата од 0 до 6 години и се основа за дефинирање на социоемоционалниот развој се:  

  • градење на позитивна слика за себе, самодоверба и компетентност во интеракциите со околината и врсниците,
  • способност за развивање на сопствените емоции,
  • контрола на сопствени чуства, позитивна емоционална состојба.

- Развој на пристап на учење

Овој аспект се однесува на тоа како учат децата , а не на тоа што учат. Клучните  аспекти на пристап кон учење се однесува на:

  • навиките,
  • стиловите на учење,
  • детската љубопитност и интерес ,
  • на неговата иницијативност, на упорноста и посветеноста,
  • на креативноста и способност за рефлексија и интрепретација.

- Развој на јазик, описменување и комуникација

Правилното усвојување на јазикот започнува уште со самото раѓање на детето. Клучни вредности кои се очекуваат од децата и се основа за дефинирање на стандардите во рамките на доменот јазик, комуникација и развој на писменост се:

  • способност за слушање и разбирање на говорниот јазик,
  • правилно зборување и елоквенција,
  • комуникациски вештини,
  • интерес кон читање книги,
  • развој на способност за писмено изразување,
  • развој на чуство за постоење на култура и јазична различност.

- Когнитивен развој и стекнување општи знаења

Когнитивниот развој се однесува на зголемување на интелектуалните и менталните способности на децата. Клучни вредности кои се очекуваат кај децата од 0 до 6 години се :

  • способност за децата да размислуваат,
  • способност за стекнување и користење нови информации,
  • способност за активно решавање на проблемите,
  • способност за критичко размислување.

Посочените развојни аспекти се дефинираат како различни аспекти на развојот на детската личност, односно укажуваме што сакаме да вреднуваме и какви сакаме да бидат нашите деца и нашата заедница.

Индикаторите ни претставуваат она што детето прави. Индикаторот е секогаш поврзан со стандардот, па оттаму стандардот е она што детето го постигнува при реализирање на зададена активност.

Рефлексија се активности насочени кон исполнување на идикаторот, претставува интеракција на возрасните со децата, со цел да го поттикнат нивниот развој во процес на учење.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес103
Вчера212
Оваа недела315
Овој месец2390

Моментално посетители

4
Онлајн

2024-12-10

Политика за колачиња