Галерија

На улица

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: УЛИЦА ВРВУЛИЦА

ДАТА: 19.05.2020

РЕАЛИЗАТОР: Николина Вељановска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ:  Социоемоционален развој.


СТАНДАРД:  Детето се гордее со своите постигнувања и верува во своите способности.


НАСЛОВ НА ТЕМА:  На улица


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра

* Потребни материјали

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

Што е улица и нејзини делови?

Улицата е најчесто поплочена, со придружна изградена околина. Може да биде обична земјена патека, но најчесто е поплочена со тврда подлога – асфалт, бетон, плочки.

Таа е составена од коловоз (за движење на сообраќајни средства - автомобили, автобуси, камиони) и тротоар (за движење на пешаци).

Сообраќајните средства се движат по десната страна од коловозот. Истото важи и за пешаците на тротоарите.

Правила кои треба да се почитуваат кога преминуваме улица:

  • Пешаците ја преминуваат улицата на пешачки премин (зебра).
  • Кога ја преминуваме улицата прво погледнуваме лево,па десно и потоа ја преминуваме улицата.
  • Никогаш не претрчувај преку улица!
  • Премини ја улицата по најкраток пат - по права линија, никогаш накосо!
  • Улицата не е место за играње.

1


2. Практична, креативна активност:

Изработка на улица (коловоз, коловозна лента)

* Потребни материјали:

  • бели листови
  • темна хартија (црна или темно сива)
  • лепак
  • ножици
2
3

“ДА СЕ ДВИЖИМЕ ПО УЛИЦА ,ПРАВИЛА ДА ПОЧИТУВАМЕ, ПРАВИЛНО СООБРАЌАЈНО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ”.


3. Видео клип:

Бон тон на улица

https://www.youtube.com/watch?v=_yBPARNH9dU


ЦЕЛИ:

  • Да се поттикнува да искажува радост и задоволство од успешно извршената работа.
  • Да се оспособи внимателно да ја преминува улицата во придружба на возрасна личност.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето умее да ги објасни резултатите од својата работа.
  • Детето ги познава правилата за безбедно поминување на улица.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес1
Вчера396
Оваа недела1543
Овој месец6433

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-04-27

Политика за колачиња