Мојата омилена сказна
Децата од објект,,,Сончоглед" беа во посета на библиотеката „13 Ноември" во општина Кисела Вода која е дел од градската библиотека ,,Браќа Миладиновци " и каде децата имаа наставна активност на тема „Мојата омилена сказна" 🌸🌺🌻
Децата љубопитно со воодушевување ги разгледуваа книгите и слушаа за библиотеката како дом на приказните, за книгите што отвораат врати кон нови светови и за магијата на читањето, која ги носи на чудесни патувања.
Имаа можност да уживаат во нивните омилени сказни, да споделуваат впечатоци и да ја почувствуваат радоста што ја носи дружењето со книгата.
Заедно со своите родители децата изработија свои книги со приказни на различни теми преку цртежи и ги подарија на библиотеката.
Се радуваме што овие дечиња , идни првачиња ќе се во библиотеката идни читатели , а во иднина и можни нови писатели 📚