Галерија

Моето куче

Тема на неделата: Домашни миленици

Дата: 07.04.2020

Реализатор: Зорица Никова Цингулоска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој


Стандард: Детето може да ги препознае и соодветно да ги изразува своите емоции.


Наслов на темата: Моето куче


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра:

Потребен материјал:

  • Слики
  • Илустрации
  • Енциклопедија за деца

Убавината на искрената љубов

Кучето како ваше милениче може да ве сака неизмерно и без резерва. Тоа слепо ви верува бидејќи неговата душа не знае за зло, а вие сте единствениот сопственик кој го има, се грижи за него и го храни.

Тоа ќе не` научи како да ја гледаме убавината на искрената љубов и како истата да ја споделуваме не само со него, туку и со личностите околу нас, бидејќи таа е темел на една здрава и трајна врска.

Сте се запрашале ли како едно куче милениче ќе ве научи на добри манири?
- Најверојатно никогаш. Пуштете го кучето без синџир во паркот и набљудувајте го неговото однесување. Тоа ќе започне да си игра со сите околу него и да им го разубавува денот.

Љубов секој ден!

Една од најважните работи на кои може да не научи кучето како домашно милениче е љубовта која треба да ја даваме и примаме секојдневно, бидејќи таа ни` е потребна на сите нас.

Сакајте ги своите миленичиња и дозволувајте да бидете сакани секој ден, само така ќе бидете среќни и исполнети.


2. Практична креативна активност:

Потребни материјали:

  • кафена хартиена вреќичка
  • хартија во боја: бела, црна, кафена, розева
  • лепак за хартија
  • ножици

moeto kuce


3. Музичка активност:

Кучето Томче

https://www.youtube.com/watch?v=oyZfUGqQkNs


ЦЕЛИ:

  • Да ги развива и негува позитивните емоции, како што се: љубов, радост, среќа, задоволство, опуштеност и сигурност;
  • Да се поттикнува да осмислува различни начини на изразување на љубов, почит, среќа, задоволство и сл.;

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето ги кажува причините и зборува за своите сопствени емоции;
  • Детето ги изразува емоциите преку игра со своето милениче;

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес427
Вчера382
Оваа недела2529
Овој месец7506

Моментално посетители

3
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња