ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: БОИТЕ НА ЛЕТОТО
ДАТА: 14.08.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЕЛИЗАБЕТА СТОЈКОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења
НАСЛОВ НА ТЕМА: МОДЕЛИРАМЕ СО ПЛАСТЕЛИН
АКТИВНОСТ:
1. Разговор/говорна игра
- Следење на цртан филм ‘’Потрага по рипчето Немо’’
*Потребни материјали:
- детско списание
- слики
- ЦД со цртан филм
- ДВД, ТВ
Рипчето Немо има многу живописни и убави бои: портокалова со црни линии и три вертикални бели пруги. Рипчето е дебелко, со должина од 10 cm и со крупни очи. Тоа е многу нежно на допир. Живее околу 10-тина години. Може да се чува и во аквариум и буди голем интерес кај дечињата.
Следење на цртан филм ‘’Потрага по рипчето Немо’’
https://www.youtube.com/watch?v=sZXqxo6E3xE
2. Моделирање на рипчето Немо и други риби, морски ѕвезди и октопод со пластелин
* Потребни материјали:
- пластелин
3. Музичка игра:
‘’Журка ќе има’’
ЦЕЛИ:
- Да се поттикне интересот кон моделирање на посложени форми на предмети, животни, човекот
- Да се развива вештината за движење на прстите и дланките за конкретна цел (моделирање со пластелин)