ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Здравје и здрави навики
ДАТА: 16.06.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЕЛЕНА ГОГОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој
НАСЛОВ НА ТЕМА: Триј, миј рачиња.
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/серија слики.
*Потребни материјали:
- слики
- текст
Грижата за хигиената е една од основните мерки за зачувување на здравјето. Миењето на рацете е една од првите хигиенски навики што детето треба самостојно да ги спроведува. Се разбира, на почетокот ќе ги мие рацете со ваша помош, а вие од третата година ќе го поттикнувате тоа да го прави самостојно. Одредете задолжително миење на рацете, односно конкретни ситуации кога тоа не може да се избегне. Тоа се ситуации, на пример, пред јадење, по одење во тоалет, по играње на отворено, веднаш по доаѓањето дома, по контакт со животни.
Децата мораат често да ги мијат своите рацете.
Природно најмалите да не размислуваат за тоа, но треба да им се каже дека пред и после јадењето мораат задолжително да ги измијат рацете. И не само тоа, значително важно е да ги измијат рацете откако ќе се вратат дома после играњето надвор, со топла вода и сапун и да тријат најмалку 20 секунди и потоа да ги избришат рацете со пешкир или марамче. Родителите мораат да им објаснат дека така спречуваат да ги нападнат разни „штетници“. Во време на вирусот особено е пожелно да имаат кај себе и средство за суво миење на дланките.
2. Практична активност (правилно измијте ги рацете со вашите дечиња)/музичка игра.
Лисичко и Калинка - Сапунче
https://www.youtube.com/watch?v=nfpMRy7DVz0
Триј миј рачиња
https://www.youtube.com/watch?v=xdblf4NJQDw
Чисти рачиња
https://www.youtube.com/watch?v=VdPJdAW1szg
ЦЕЛИ:
- Поттикнување детето да се запознава со неколку обврски во групата и семејството.
- Поддржување кон развивање на културно хигиенските навики.