ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ЛЕТНИ ИГРИ И РАДОСТИ
ДАТА: 16.07.2020
РЕАЛИЗАТОР: КЛЕМЕНТИНА ПЕТРУШЕВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазик, описменување и комуникација
НАСЛОВ НА ТЕМА: ИГРИ СО МЕУРЧИЊА
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ Стихотворба
* Потребни материјали: Илустрации со деца како прават меурчиња од сапуница/ Стихови
МЕУРЧИЊА
МЕУРЧИЊА ОД САПУНИЦА КОН НЕБОТО ЛЕТААТ,
САКАМ ДА ГИ ДОПРАМ И ВИСОКО ЌЕ СКОКНАМ.
СОНЦЕТО ГИ ПРЕТВОРА ВО РАЗЛИЧНИ БОИ,
И СЕКОЈА БОЈА УБАВО ИМ СТОИ.
ЛЕТААТ, СЕ ТУРКААТ , НА ТРЕВАТА ПАЃААТ,
ЕВЕ ДВЕ-ТРИ ГОЛЕМИ КОН МЕНЕ ДОАЃААТ.
МЕУРЧИЊА, МЕУРЧИЊА ЗА ВЕСЕЛИ ДЕЧИЊА,
ГИ ДУВАМЕ - СЕ РАДУВАМЕ,
ГИ БРКАМЕ – СЕ ВЕСЕЛИМЕ!
2. Практична креативна активност
* Потребни материјали:
- Мало пластично шише
- Парче растеглив материјал ( чорапа )
- Ластик
- Бои за храна или еколошки бои
- Средство за миење на садови
- Вода
- Мал сад
ПОСТАПКА:
- Исечете го дното на шишето
- Навлечете го растегливиот материјал ( чорапата ) врз дното и прицврстете со ластик
- Нанесете врз материјалот капки од боја за храна
- Натопете го дното на шишето во садот со вода и средство за миење на садови
- Дувајте низ отворот на шишето и забавувајте се!
НАПОМЕНА: Играта се игра во надворешни услови и под надзор на возрасен.
ИДЕА +
Бидете креативни и изработите интересни креативни шишиња кои ќе наликуваат на различни суштества!
3. Ликовна истражувачка игра
* Потребни материјали:
- Пластични садови/ чаши
- Цевки
- Бои за храна/ еколошки бои за деца
- Листови бела хартија ( блок )
https://www.youtube.com/watch?v=z4i3Pp_ciwA
ЦЕЛИ:
- Детето го збогатува својот речник и правилен говор.
- Детето истражува, воочува, го насочува своето внимание и ја развива кретивноста.