Галерија

Мешаме темперни бои, сликаме на платно.

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: БОИТЕ НА ЛЕТОТО

ДАТА: 11.08.2020

РЕАЛИЗАТОР: Николина Вељаноска

АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој

НАСЛОВ НА ТЕМА: Мешаме темперни бои, сликаме на платно.

АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра, разговор, серија слики.

* Потребни материјали:

  • слики
  • текст

Сликањето на платно за деца е извонредна активност која можете да ја направите со вашето дете.

Сликарски техники за боење на платно со темперни бои има многу од прсти до четки, разни овошја, зеленчуци, печати за платна и слично.

Сликањето на платно се изведува со четка и бои. Со помош на различни бои, се спрема платното и можат да се создадат потполно различни слики ако и се препуштиме на фантазијата и желбата ќе добиеме неповторливи резултати.

Постојат многу техники за сликање со темперни бои

  • сликање со суви четки без боја
  • тапкање на четката по платното
  • со прскање
  • слоевито сликање со помош на шпакла
  • со балони
  • со пластични цевки со дување.

1


2. Практична креативна активност.

* Потребни материјали:

  • темперни
  • платно
  • хартија
  • балони

Едноставен начин на сликање на платно е само со нанесување на бои директно на платното кое потоа можеме да ги размачкаме боите со четка или пак со шпакла.

2

3

Сликање на платно на кој претходно имаме ставено некоја форма (во овој пример тоа е срце).

4

Сликање на платно со помош на балони (ова е еден од најинтересните начини на боење на платно кога се работи за помали деца).

5

Сликање на платно со помош на четка за малку поголемите дечиња.

6


ЦЕЛИ:

  • Да се поттикнува и искажува радост и задоволство од успешно завршената работа.
  • Да се оспособува детето да слика на платно по зададена или слободна тема.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес110
Вчера326
Оваа недела1589
Овој месец4481

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-04-20

Политика за колачиња