Хуманитарна акција
"Мали луѓе - големо срце".
Градинката "Весели Цветови" објект: Синоличка и Кокиче, во соработка со родителите на дечињата од овие два објекти организираа хуманитарна акција, од децата, за децата од СОС Детско село. Се донираше школски прибор. Да се биде хуман, онаму каде што е најпотребно е најдоброто дело што некогаш можеш да го сториш. Хуманоста ја отсликува големината на човекот и затоа децата треба да се учат на хуманост и емпатија уште од мали нозе. Таа е најчовечната особина, доблест за секој поединец. Хуманоста е дел од принципите на еден граѓанин и дел од животната етика. Хуманоста во градинката "Весели Цветови" е присутна преку многубројни акции кои се спроведуваат во градинката и каде децата учат да бидат хумани, збор кој значи давање, подарување, помагање, несебична поддршка.
Огромна благодарност до сите оние кои се вклучија во оваа акција: дечињата, родителите, воспитувачите, негувателите и целиот тим на "Весели Цветови".