Галерија

Ликовни игри

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Летни игри

ДАТА: 29.07.2020

РЕАЛИЗАТОР: Силвана Васовска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење


НАСЛОВ НА ТЕМА: Ликовни игри


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра, разговор

Цртежот е еден вид огледало на детскиот развој, и одраз на детските доживувања и сфаќања. Цртежот во разбирањето на детето. Детето почнува да црта спонтано, најпрвин некои шари, но тие не се обични. Детето точно знае да ви каже која шара што претставува. Кога го “учиме” детето како да црта, така што тоа го копира или гледа она што ние сме го нацртале, тогаш ние го збунуваме и го кочиме неговиот развој на ликовно изразување и му го наметнуваме нашиот начин на изразување. Секое дете и личност е индивидуа сама за себе, и тоа треба да се почитува. Секој ќе нацрта најдобро што може и тоа треба да се пофали, бидејќи така ќе им влијаеме на децата врз нивната емоционална интелигенција. ако детето бара помош од вас, вие не треба да му нацртате, туку подобро е да му пронајдете фотографија (на пример од животно, автомобил или сл.) од Интернет, сликовници или сл., па детето само да се обиде да нацрта. Ако сакате да поттикнете креативност и имагинација, тогаш најчесто не треба да давате упатства. Децата се сами по себе креативни и имагинативни. возрасните може да се вклучат преку создавање услови и понуда на ликовни материјали на дискретен и ненаметлив начин. 

Зошто е важно детето да реализира ликовни игри:

- Детето преку сензомоторните активности, допирање на материјалите, гледање на предметите и преку активностите со тие материјали го осознава светот околу себе. Во текот на цртањето или сликањето, децата ја развиваат контролата на долгите и кратки мускули, и се вежба координацијата на око - рака, која е потребна во подоцнежниот процес на пишување. Ликовното изразување е важно и за градење на социјалната комуникација и самодовербата, затоа што тие го презентираат и објаснуваат тоа што го нацртале и на другите деца, како и на возрасните.


2. Практична креативна активност

Ги учиме боите преку игри со асоцијација и мешање на бои.

1

Игри со асоцијација - возрасниот ќе каже една боја, а детето треба да каже што се има во природата во таа боја. На пример, бела (млеко, снег), сина (небо, море) и сл.

Преку ликовната игра може да се научат и броевите.

2

Преку некои ликовни игри се развива и фината моторика (на пример со цепкање хартија).

3

Предлог за ликовни игри со возрасните:

https://www.youtube.com/watch?v=xSsdnC896pU&feature=youtu.be


ЦЕЛИ:

  • Развивање на способност за истражување, споредување, именување на бои, текстура, интерес за моделирање на разни форми, предмети, животни и слично.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес286
Вчера382
Оваа недела2388
Овој месец7365

Моментално посетители

5
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња