ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Летни патувања и доживувања
ДАТА: 02.07.2020
РЕАЛИЗАТОР: АЛЕКСАНДРА АТАНАСОВА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазик, описменување и комуникација
НАСЛОВ НА ТЕМА: Летување на село
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра, разговор
Потребни материјали:
- текст
- детска литература
- слики
Тргнуваме,патуваме
Ќе летуваме,се радуваме
Ко сиренца сме сега бели
А дома ќе се вратиме здрави,исончани цели
Дарко се подготвува и си пее. Радосен e затоа што летниот распуст ќе го помине кај баба и дедо на село.Но неговото другарче Марко, не можеше да го разбере Дарко. Зашто толку се радува на летување на село. На село нема езеро, море, плажа, што ќе прави - го праша Марко своето другарче Дарко.
Многу е убаво на село еве еден пример што зборува на дело-вели Дарко.
,,Во село луѓето и животните другаруваат, во се си помагаат и се почитуваат. Наутро петелот ме буди,а баба варено јајце за појадок ми нуди,а исто така додека зелник ми меси јас си играм со кучето Леси.Со дедо молзено млеко си пијам и убаво си спијам.Во дворот многу леи се насадени со зеленчук-марулки, кромид, лук, краставица, магдонос - здрава природна храна - вели баба ми за детство без мана. Од дворот баба ми носи дома полни кошници компири, моркови, зелки, боранија и карфиол.
На едниот крај од нашиот двор се наоѓа шталата. Во неа живеат сивата крава со шареното теленце, магарето, овците и јагнињата.
Од далеку се слуша гласот на жетварите,а поточето жубурка и не кани на игра. Ливадата е најубавата книга на природата.Тука цвеќињата слободно цветаат и мирисаат,а сонцето со своите зраци нежно ги гали.Пеперутките летаат насекаде,се радуваат на разнобојните цвеќиња и никогаш не ја завршуваат својата весела игра.Пајаците плетат мрежа,мравките од утро до вечер собираат зрнца,а пчелите летаат од цвет на цвет.
Штурчињата свират, скакулците скокаат, а светулките во ноќта светат.
Колку само смешни и забавни игри се играат во дворот на баба и дедо, a на водените игри им нема крај затоа што цревото е пуштено до бескрај.
Такво е летото на село. Топло, богато, миризливо и смело.
2. Говорна креативна активност
Родителот по краток разговор со своето дете,ја започнува реченицата,а детето користејќи ја својата фантазија ја дополнува реченицата
Дарко се подготвува................................................................
Другарчето Марко го прашува...............................................
Летото на село е.......................................................................
Цвеќињата цветаат..................................................................
Штурчињата..............................................................................
Скакулците................................................................................
Во дворот на баба и дедо се...................................................
3. Музичка игра
ЦЕЛИ:
- Детето да се воведува во користење на говорот како средство за изразување на своите мисли, чувства, доживувања.
- Детето да учествува во говорни игри(дополни ја реченицата,продолжи ја приказната).