ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ЛЕТНИ ПАТУВАЊА И ДОЖИВУВАЊА
ДАТА: 01.07.2020
РЕАЛИЗАТОР: Весна Зафировска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење
НАСЛОВ НА ТЕМА: ЛЕТУВАЊЕ НА ПЛАНИНА
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра
Потребни материјали:
- текст
- детска литература
- слики
Дедо Кузе реши! Летово ќе летуваме на планина.
-Но зошто на планина? -праша внукот.
Мило дете ќе ти кажам вака:
Кога деновите се долги и топли ,само на планина е свежо ,таму небото е најсино.Во ноќите ќе имаш најмирен сон. И тоа не било каде, туку во западна Македонија ,на Бистра Планина, во мојот роден крај.Како нигде на друго место овде летата се благи и свежи, тука природата е бујна, во нејзина прегратка целото село Тресонче лежи. Над селото извира Тресонечка река која се влева во река Радика. На таа висорамнина на Бистра има најубава слика. Во рано лето ливадите се послани со најубаво цвеќе и секакви билки кој се берат за чај.Летото ќе се сладиме со плодови шумски јагоди,капини, боровинки и лешници со крупни јатки. По дождот печурки корисни и штетни, разни има . Воздухот е прозрчен лековит, кристално чист .Чистиот воздух здравје ќе дарува! По традиција овци тука пасат,за најубаво сирење и кашкавал да се прави. Секој може да се разлади, откога ќе се напие вода од планинската чешма. Тука ќе се дружиш со гласот на птиците,ќе ги гледаш вервериците како скокаат од гранка на гранка. Од папрат се прават најубави легла. Таму ќе запознаеш многу нови другари, ќе играш, ќе пешачиш низ шумски патеки со сенки, ќе одмараш под стебла високи тенки. Подготви се внучко , во ранецот спакувај вода и храна, на нозе патики а на глава капа стави, во рака стапче земи.
И запомни! Во планина внимателен биди, почитувај ги правилата не е многу тешко:
- на планина носи си стапче и движи се по шумско патче
- во шума оган не пали, зошто дрвото гори
- не чепкај ги змиите опасни и печурките што може да се отровни
2. Практична креативна активност
Потребни материјали:
- брашно (1 дозерка)
- сол (1 лажица)
- вода (1/2 дозерка)
- темперни бои
- четка за боење
Со мала помош на родителот од брашното, солта и водата потребно е да се изработи тесто слично на пластелин. Детето самостојно да моделира планини. Откога ќе се засушат да ги обојат со кафена и зелена боја.
3. Истражувај заедно со родителите
ЦЕЛИ:
- Детето да се поттикне интерес за настаните и приказните за планината што се однесуваат на непознати нешта.
- Да развие истрајност во процесот на учење и откривање.