ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Летни радости
ДАТА: 20.07.2020 г.
РЕАЛИЗАТОР: Јулијана Илиева
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ:Физичко здравје и моторен развој
НАСЛОВ НА ТЕМА: Летото радости ни носи
АКТИВНОСТ:
1. Во прегратките на летото- обработка на стихотворба
* Потребни материјали: стихотворба
Во прегратките на летото
Летото не прегрна,
со сите се ракува,
сите зимски алишта
веќе ни ги спакува.
Сега сите деца се
во облеки летни,
со шарени маички
како ливади цветни.
Сонцето насмеано
сега веќе царува
и безгрижни игри
на сите ни дарува.
Наум Попески
2. Оригами-бродче- практична креативна активност
* Потребни материјали:
- хартија во боја
- ножици
- пластичен сад за вода
ЦЕЛИ:
- Поттикнување и развивање на ситната мускулатура на дланката
- Поттикнување и развивање на логичкото размислување
- Поттикнување на правилен и поврзан говор