ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Летни патувања и доживувања
ДАТА: 03.07.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЖАКЛИНА ЈОРДАНОВА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаење
НАСЛОВ НА ТЕМА: Летни доживувања
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра / разговор
Потребни материјали:
- текст
- детска литература - (Супер Смешка)
*Во јуни летото зацарува и многу љубов ни дарува.
Сонцето децата ги мами на разни игри ги кани.Летото на сите деца им нуди едно посебно доживување.Додека некој плива во море или езеро затоа што пливањето е здраво за мускули да се цврсти,а телото да се држи право,друг собира камчиња крупни бели.Стефан со лопатка замоци од песок гради,а Нина со кофичка вода му носи,истура,вади.Сите деца игри разни играа.
- слики
А, пак Мете, за игрите на планината приказни плете. Со Теа се качувале, планинареле, поточиња прескокнувале, цвеќенца си собирале.На лулашка се лулале, криенка си играле. Со Симона малинки си береле, на ливада трчале, се бркале. И така тој Мете цветно венче на Калина и сплете.
2. Математичка игра
(детето со помош на родителот да каже што гледа на сликата да ги изброи елементите и да ги поврзе со бројот што одговара)
Цртан филм - Одиме на плажа
Музичка активност - Лето
https://www.youtube.com/watch?v=xMUqiLvTDHs
ЦЕЛИ:
- Да се поттикнуваат способностите за поврзување на количината (број на елементи) со симболите на броевите (цифри).
- Да се поттикне интересот и љубовта кон танцувањето и креативно изразување преку движењата на телото.