Галерија

Летен споменар

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Летни радости

ДАТА: 21.07.2020

РЕАЛИЗАТОР: Јулијана Димитриевска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој


НАСЛОВ НА ТЕМА:  Летен споменар


АКТИВНОСТ:

1. Разговор,слики,текст.

Потребни материјали:

  • Текст -,, Кој е поубав ?,,
  • илустрации.

Што е календар?   Разгледајте ја оваа слика и по нацртаните промени ( во времето и природата ) препознајте ги и именувајте ги сите годишни времиња.

1

Годината наша мила,
четири годишни времиња има,
пролет , лето , есен и студената зима,
сите во календар збрани.

Дали знаете кое годишно време е поубаво?

Не знаете? Добро. Седнете удобно и слушнете ја приказната:

Еднаш многу одамна, настанала збрка во календарот. Се смешале годишните времиња, па се случило да се сретнат есента и пролетта. Се погледнале и двете одеднаш рекле:

  • Гледаш, јас сум поубава од тебе?! – рече пролетта.
  • Еееее, не! Поубава сум јас. – рече есента.
  • Како не, јас имам зелени ливади, шарени цветови, распеани птици, децата мене повеќе ме сакаат. – рекла пролетта.
  • А јас имам прекрасна златна облека, зрели овошки, грозје... Затоа мене децата , повеќе ме сакаат. – рекла есентта

Долго време се расправале која е поубава. А зимата си стоела на своето место во календарот и се смешкала .  За да не дојде до караница тие решиле да ги прашаат децата. А тие одговориле:

  • Најмногу го сакаме летото!
  • Ааааа? – зачудено се погледнале пролетта и есента. А зошто?- прашале тие.
  • Преку летото ние сме слободни Не одиме во градинка и училиште  па  можеме да трчаме, да скокаме, да танцуваме, да пливаме и да вежбаме. Со родителите се договараме каде да одиме на одмор: на планина, на река, езеро или во село. Каде и да појдеме треба опрема да носиме (капа, наочари, шише со вода...) да се заштитиме, рачиња да миеме и здрава храна да јадеме. Околината да ја чуваме, прекрасно да си поминеме и со насмевка да се вратиме. А па и дома е убаво ,  пред нашата зграда, куќа ,  во паркче .  Со другарчињата да си раскажуваме, за нашите летни игри и спомени – цртежи да си нацртаме ,  па да си  покажеме.
  • Кога го слушнале ова ,  пролетта и есента засрамено си ги наведнале главите и веднаш си застанале на своето место во календарот.
  • -Деца  , се надевам дека Ви се допадна приказната за календарот и годишните времиња . А и нешто повеќе научивте .

 Сите годишни времиња се убави , секое на свој начин . Најважно е да бидете -  здрави  , среќни , весели ,  насмеани , растрчани  боси . . За своите чувства - емоции  ( среќа , тага , лутина или изненаденост )  каде и да одите , да разговарате со вашите родители и  блиски . По потреба да ги решите .  Сите ваши интересни посети , дружења  може  да ги нацртате, насликате , објаснете , а потоа да  вметнете точно знакче ( емотикон ) во вашата прва книга за деца .

Растете деца,
ширете љубов,
прекрасен е Светот
и животот е  убав.


2. Практична креативна активност.

Потребни материјали:

  • листови А4 формат ( бели и во боја ) ,
  • фломастери ,
  • темперни бои ,
  • дрвени – воштени бои ,
  • ножички ,
  • молив ,
  • папка и
  • перфоратор

Прва ликовна игра

Мали креатори - изработка на емотикони

2

Втора ликовна игра

Мали креатори – oд вашите летни спомени – вашите цртежи, изработки ,  да ја направите вашата прва книга – “Летен споменар“. Ако Ви се допадне оваа идеа и натаму може да си ги направите вашите – втора книга - ,,Есенски споменар,,, трета – Зимски споменар,, и четврта книга за деца - ,, Пролетен споменар,,.

3

4

5

Мојата прва книга за деца   -  ,, Летен споменар,,


3. Музичка игра,,

Мал фестивал: ,,Росица,, - ,,Лето,,

https://youtu.be/5malEujuTQI


ЦЕЛИ:

  • Негување и развивање на социјалната и емоционална интелигенција.
  • Споделување на информации ( впечатоци ) за себе  со други деца.
  • Препознавање и именување на своите и тугите чувства  , развој на емпатија , сигурност , доверба и прифатеност.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес267
Вчера382
Оваа недела2369
Овој месец7346

Моментално посетители

4
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња