ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Птици и инсекти
ДАТА: 04.05.2020г.
РЕАЛИЗАТОР: Александра Ѓорѓиевска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: физичко здравје и моторен развој
СТАНДАРД: Детето може да учествува и правилно да ракува со предмети за општа употреба и да развива ситната моторика и мускулатура на дланките и прстите.
НАСЛОВ НА ТЕМА: Ластовички во лет
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ разговор
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература
Ластовичката е најраспространета птица преселница во светот,тие се препознатливи по црната боја на пердувите.
Со сино црни горни делови,долги заоблени шпицасти крила.Гнездата најчесто ги прават на аголот на куќата или на конструкции кои ги изградил човекот. Нивните гнезда личат на полукруг направен од кал сено и тревки кои ги собираат од непосредната близина.
2. Практична манипулативна активност:
* Потребни материјали:
- пластично шише
- ножици
- коноп
- лепак
Изработка на хранилка за птици
https://www.youtube.com/watch?v=9DKzHucqY1I
2. Музичка активност
Ластовичка
https://www.youtube.com/watch?v=T2gSunkej7E&t=46s
Возрасна градска ластовичка е долга 13 см, со распон на крилјата од 26 до 29 см, и просечно тежи околу 18.3 гр. Има сина глава и горен дел со бел заден и долен дел, кафеави очи и мал црн клун додека неговите канџи како и видливиот дел од нозете им се розови.
Половите се слични меѓу себе, но младите ластовички се целосно темно црни, освен крилјата кои имаат бели краеви. Градската ластовица лета со просечно 4.4 замавнувања во секунда. Најомиленото живеалиште на градската ластовичка се отворените простори со ниска вегетација, како пасишта, ливади и ниви блиску до вода, иако може да се најде во планини со висина најмногу до 2,200м.
Додека мигрира, оваа ластовичка се храни во воздух со инсекти, и најчесто патува преку ден, иако некои птици летаат и ноќе. Миграцијата си носи и свои опасности. Преживувањето на возрасните ластовички за време на есенската преселба зависи најмногу од температурите, но ниските температури се покритични за младите.
Ако наскоро видите ластовичка како прави гнездо на вашата куќа, не ја чепкајте. Таа ви го чува домот. Според старите верувања, пред доаѓањето на ластовичките замислете си желба. Тие донесуваат среќа во куќата на која ќе направат гнездо.
ЦЕЛИ:
- Да се поттикне активно и правилно ракување со предмети за општа употреба ножици,лепак,на тој начин се подтикнува и ојачување на ситната моторика на дланките и прстите.
- Да се поттикне иницијативност, креативност, трпеливост при реализација на активностите.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето соодветно реагира на изговорените зборови од страна на возрасен, покажува интерес, поставува прашања и е креативно и трпеливо.
- Детето успешно работи со ножици и ги користи палецот и показалецот при работа со материјали и предмети за општа употреба, ножици, лепак.