ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Омилени приказни, басни, сказни и песни.
ДАТА: 06.08.2020
РЕАЛИЗАТОР: Анета Младенова Јачовска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазик, комуникација и писменост
НАСЛОВ НА ТЕМА: Куклен театар
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра, разговор, серија слики.
* Потребни материјали:
- слики
- текст
Куклениот театар е театар во кој наместо глумци се појавуваат кукли. Куклениот театар е наменет за деца.
Куклените претстави се омилена забава помеѓу децата. Инвентивните приказни никогаш не досадуваат а домашниот куклен театар ќе им овозможи на вашите деца повеќекратна забава како при правење на куклите и сцените така и во изведба на претставите кои можат да бидат најразлични
Куклите се делат на повеќе типови:
- Марионети - кукли на конец - главата, рацете и нозете се поврзани со тенка жица а кукларот е тој што управува со куклата.
- Гињол - кукли кои што се навлекуваат на рака - овие кукли по правило имаат само глава и раце, а понекогаш само нозе.
Театарот може да биде
- театар за носење (картонска фасцикла)
- сцена од кутија за чевли
- параван за куклен театар (поголемо платно)
- театар за носење
2. Практична креативна активност.
* Потребни материјали:
- картон
- ножици
- лепак
- платно
- филц
Од поголемо платно можете да направите параван зад кој вашите деца ќе глумат разни ликови и ќе ви ги доловат своите измислени приказни. Инспирирајте се со овие примери и смислете го најдоброто решение за вашето дете. Идеална позиција за вакви паравани е отворот на вратата, на кој можете да закачите или помеѓу да развлечете вакви паравани. А куклите може да бидат и кадифени играчки или кукли што ќе ги сошиете од филц или некој друг мек материјал, па ќе ги навлечете на рака.
3. Следење на куклени претстави.
ЦЕЛИ:
- Да се развива способноста за слушање, разбирање и доживување на јазикот.
- Да се поттикнува творештвото.