Галерија

Кравата Белка

Тема на неделата: Домашни животни

Дата: 16.04.2020

РЕАЛИЗАТОР: Александра Атанасова

АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазикот, комуникација и описменување.


СТАНДАРД: Детето може да слуша и разбира говорен јазик.


НАСЛОВ НА ТЕМА: Кравата Белка


АКТИВНОСТ:


1. Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература
01
02

🙂 Што знаеме за кравата Белка?

  • Кравата Белка е домашно животно.
  • Домашни животни се оние животни за кој се грижи човекот.
  • Тој им обезбедува храна, засолниште и се грижи за нивното здравје.
  • Телото на кравата е покриено со влакна, таа има четири нозе и копита.
  • Семејство: Бик,крава,теле.

🙂 Во фармата на дедо Миле имало четири кравички, тоа биле кравата Белка која се издвојувала од другите три кафени кравички. Затоа што кравата Белка била бела со црни шари. Кафените кравички не ја сакале кравата Белка. Секогаш ја избегнувале. Но дедо Миле еден ден им рекол “Вие мои убави кравички иако се разликувате меѓусебно секоја од вас ми дава млеко.” Вие заедно пасете трева и јадете сено и ако почесто пиете вода ќе ми го дадете најубавото млеко.

🙂 Една чаша свежо млеко има голем број хранливи матери и одличен извор на витамини, протеини и калциум кој помагаат во создавање на зајакнување на коските, ги штитат забите и ги хранат мускулите.

🙂 Млекото се преработува во млечни производи како сто се павлака,путер јогурт сирење кашкавал и други продукти.

03
04

🙂 Прашања на кои вие родителите ги поставувате а децата треба да дадат одговор:

  • Кој живее на фармата на дедо Миле?
  • Опиши ја кравата Белка?
  • Со што ги храни кравичките дедо Миле?
  • Што му даваат кравичките на Дедо Миле?

05


2. Практична креативна активност:

🙂 Потребни материјали (зависно од тоа со што располагате во моментот има избор за креативни изработки):

  • Лепак
  • Хартија во боја (црна, бела и розева)
  • Ножички
  • Боички

🙂 Изработка на кравa / нацртај ја кравата Белка:

https://www.instagram.com/p/Bvi6cj_gbg8/

06
07

3. Музичка игра:

🙂 Млекото е здраво

https://www.youtube.com/watch?v=-V6Mnm_aVF8


ЦЕЛИ:

  • Да се воведува во активно слушање со разбирање на говорот на другите.
  • Да се поттикне иницијативност, креативност, трпеливост при реализација на активностите.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето се вклучува во разговор го разбира тоа што го слуша и соодветно реагира.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес10
Вчера429
Оваа недела2541
Овој месец7518

Моментално посетители

3
Онлајн

2024-11-24

Политика за колачиња