ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Животните од приказните
ДАТА: 28.04.2020
РЕАЛИЗАТОР: Јулијана Димитриевска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој
СТАНДАРД: Детето се гордее со своите постигнувања и верува во своите способности.
НАСЛОВ НА ТЕМА: КРАЛОТ ЛАВ
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ разговор
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература
- енциклопедија животни
Што знаеме за лавот?
Лавот е цар на животните. На слобода живее во савани во Африка и Азија (од 10 до 14 години), а во ЗОО градина или циркус може да живее до 20 години.
Спаѓа во групата диви мачки, и со своите 250 кг тежина е втора најголема мачка на Светот (тигарот). Лавот е месојад (се храни со месо), тој е брзо животно со добро развиени сетила, остри канџи и заби за полесно ловење на пленот.
Тој е цицач, има силни и јаки нозе и затоа брзо трча. Погледот му е горделив, гривата голема и сјајна а неговиот рик се слуша надалеку.
Живее во семејство - еден лав и две до три лавици и повеќе млади лавчиња. Тој е грижлив родител кој го чува семејството од непријатели. Може да лови сам, но најчесто лавиците се тие што во група одат на лов и носат храна (месо од помали животни).
Во детската литература, лавот е прикажан како силен, главен и праведен раскажан низ бројни приказни, сказни, басни, песнички. Најпознати се:
- “Лавот и бикот“
- “Лавот и лисицата“
- “Лавот и кобрата“
- “Кралот лав“ и др.
2. СЛЕДЕЊЕ НА ДРАМАТИЗАЦИЈА – “ГЛАДНИОТ ЛАВ“
https://www.youtube.com/watch?v=i97aak7fNI8
3. Практични креативни активности:
ЛИКОВНА ИГРА 1 – КРАЛОТ ЛАВ
Потребен материјал:
- Картон
- Хартија во боја
- Ножички
- Волница
- Лепак
ЛИКОВНА ИГРА 2 – Цртај по сенки – “Лавот и неговите пријатели“ (правиме книга за животни)
Потребен материјал
- Пластични играчки – животни
- Листови во боја
- Молив
- Дрвени боички
- Извор на светлина (сонце, лампа)
4. Музичка игра – Зоолошка Градина – Златно Славејче 2019
https://www.youtube.com/watch?v=xCWTPXHKxJo
ЦЕЛИ:
- Децата да се запознаат со лавот – изглед, начин на живот и исхрана.
- Да се поттикнува припадност и позитивен однос кон семејството, кон животните, начин на грижа и помагање.
- Да се поттикнува чуство на радост и задоволство од успешно завршена работа.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето целосно и се посветува на зададената активност.
- Детето ја презентира завршената задача на возрасен.