ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ
ДАТА: 17.04.2020
РЕАЛИЗАТОР: Жаклина Јорданова
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење
СТАНДАРД: Детето може да учи на различни начини од сопствени искуства.
НАСЛОВ НА ТЕМА: КОРИСТ ОД ДОМАШНИТЕ ЖИВОТНИ
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/разговор
* Потребни материјали:
- слики,
- илустрации
- детска литература.
🙂 Домашни животни се оние за кои се грижи човекот. Тој им обезбедува храна, засолниште и се грижи за нивното здравје. Човекот ги чува во штали на фарма. Домашните животни ги делиме на: стока и птици.
🙂 Крава, коњ, овца, коза и свиња: тело прекриено со влакна, четири нозе, рилка и копита.
КОРИСТ: млеко, месо, кожа. ЖИВЕАЛИШТЕ: штала.
🙂 Кокошка, мисирка, гуска: тело прекриено со пердуви, две нозе, крила, клун, канџи на нозете
КОРИСТ: јајца, месо. ЖИВЕАЛИШТЕ: кокошарник
2. Практична, креативна активност:
🙂 Изработка на кравата Милка од хартиена чинија.
* Потребни материјали:
- чинија од хартија
- ножици
- фломастери
- лепак
3. Музичка активност:
🙂 Кучето Томче
https://www.youtube.com/watch?v=oyZfUGqQkNs
ЦЕЛИ:
- Стекнување и проширување на информациите за потесната и пошироката средина преку набљудување, истражување и манипулација.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето употребува најразлични методи за да ги изрази сопствените идеи (раскажува, црта, пее).