Галерија

Кокошка и пилиња

Тема на неделата: Домашни миленици

Дата: 14.04.2020

Реализатор: Валентина Божиновска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој


СТАНДАРД: Детето може да развива социјални вештини во интеракција со возрасни.


НАСЛОВ НА ТЕМА: КОКОШКА И ПИЛИЊА


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

- слики

- илустрации

- детска литература

01
02

🙂 Кокошката е домашно животно од родот птици.

Може да е бела, жолта, кафена и црна, односно пердувите и се со различна боја. Кокошката живее на фарма во кокошарник и на ливада. Кокошката е најраспространето домашно животно.

🙂 Со што се хранат кокошките?

Кокошките се хранат со црви, зрна-пченка и пченица, трева и ситни инсекти. При колвањето голтаат и камчиња кои, кога ќе се најдат во бапката, го олеснуваат мелењето на зрната.

🙂 Како се размножува кокошката?

Несење јајца: кокошката во слама си прави седло, каде ги снесува јајцата; Кокошката обично несе по 12 јајца што ги квачи 21 ден, лежи на нив за да ги грее; После 21 ден од јајцата се изведуваат пилиња. По изведувањето пилињата постојано ја следат квачката. Квачката односно кокошката ги крие своите пилиња под крилјата ако почувствува опасност. Кокошката кокодака за да ги повика малечките.

🙂 Колку кокошката се грижи за своите пилиња ќе видите во песничката:

Кокошката во дворот ко, ко, ко
пиленцата ги бара ко, ко, ко,
каде сте ми мои пиленца
ви донесов зрнца пченица.

Еве тука мамо пи, пи, пи
ископал некој дупка пи, пи, пи,
па во неа ние малечки
Пропаднавме мамо пи, пи, пи


2. Практична креативна активност:

* Потребни материјали:

  • жолт картон (по можност ребрест)
  • жолт материјал (сунѓер или платно)
  • црвен картон

🙂 Изработка на пиле од картон:

03
04

3. Музичка игра:

https://www.youtube.com/watch?v=Ygwl1bl49ek&feature=youtu.be

https://www.youtube.com/watch?v=vNJnOfyhweo&feature=youtu.be


ЦЕЛИ:

  • Развивање на љубопитност кај децата.
  • Да ја согледува ползата од сопствената и заедничката работа.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето поставува прашања и отпочнува разговори.
  • Детето бара возрасна личност да се приклучи во играта.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес3
Вчера429
Оваа недела2534
Овој месец7511

Моментално посетители

2
Онлајн

2024-11-24

Политика за колачиња